24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

01.02.2018 (Инфо сесија)
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ, УНАПРЕДУВАЊЕ И КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

11.09.2017


Актуелно  

ПРЕДЛОГ-МЕРКA ЗА УКИНУВАЊЕ НА УВОЗНИТЕ ДАВАЧКИ КАЈ ОДРЕДЕНИ КАТЕГОРИИ НА МЕСО ЗА ПРЕРАБОТКА СО ЦЕЛ УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО МЕСНАТА ИНДУСТРИЈА


Со цел зголемување на конкурентноста на домашните преработувачи на месо пред странските конкуренти на домашниот пазар, а во насока на обезбедување услови за повисок степен на користење на сопствените капацитети во оваа индустрија, неопходни се автономни мерки за укинување на увозните давачки кај одредени категории на месо за преработка.

 

Во отсуство на ваква мерка, позитивните движења во индустријата секојдневно добиваат негативна насока, пред се` поради повисокиот степен на либерализација со ЕУ, каде се добро познати системските мерки за поддршка на домашните фармери и извозни рефундации, како целосната либерализација со Србија и со Црна Гора, кои покрај производните субвенции имаат и извозни стимулации, истакна Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија на прес конференцијата (11.9.2017 година).

Имено, без  заокружен систем на заштита од нелојалната конкуренција по основ на субвенции во производството, домашните производители на преработки од месо бараат само еднакви услови на производство во делот на суровината со увозниците, односно изземање на увозните давачки при увоз на суровината.

Фактот што по зачленувањето во Светската трговска организација, царината на сувомеснатите преработки е пониска од царината на суровината,  со цел оваа индустрија да обезбеди континуирано производство и развој, неопходно е да се укинат увозните давачки за суровината за преработка.  Со тоа, во делот на обезбедувањето на суровината, домашните производители на  преработки од месо ќе се изедначат со увезените преработки од месо, односно ќе се стекнат реални услови за задржување на домашниот пазар со преработки од сопствено производство.

Како резултат на ова барање на Групација на преработувачи  на месо и производство на преработки од месо и  Групација за производство на свинско месо при Стопанската комора на Македонија и неколку последователни средби со заменик претседателот на Владата на РМ за економски прашања, Кочо Анѓушев, се дојде до компромисно решение, односно предлог одлуката која кабинетот на заменик претседателот на владата ја изработи согласно барањето на групациите во однос на намалување на увозните давачки, односно укинување на прелевманот и царината при увоз на замрзнато свинско месо за преработка, потенцираше Влатко Ѓоргиевски, од Групацијата на преработувачи на месо и производство на преработки од месо.

Предлог одлуката предвидува ослободување од царинската давачка за замрзнато свинско месо за регистрирани преработувачи на месо и производители на сувомеснати преработки кои преработуваат во сопствени објекти.

Согласно договореното, компаниите се должни да дадат банкарска гаранција во износ од вредноста на царинската давачка на суровината која се увезува, а процесот ќе се контролира преку предадениот готов производ. Инструментот за контрола од страна на надлежните институции компаниите го прифаќаат во целост, а готовото решение изготвено од страна на Царинската Управа, компаниите ќе го имплементираат на свој трошок. Оваа одлука ќе биде со важност од една година од денот на нејзиното донесување, по што би се направила анализа за влијанието на мерката врз пазарот на месо и преработки од месо, истакна Слободан Кутревски, член на Групацијата при Стопанската комора на Македонија.

Со позитивното решавање на ова барање, Групацијата оценува дека производството на трајни и полутрајни производи тековнава година ќе го зголеми за 16.000 тони, или за скоро 30% повеќе од минатата година, како и пораст на извозот за 10%, кој е лимитиран со документот за потекло (оценка согласно барањата од странските купувачи, кои производи за извоз би се обезбедиле  од расположивата домашна суровина).

Финансиските буџетски ефекти би биле позитивни како резултат на платениот ДДВ, на потребната увезена суровина за преработка без увозни давачки, потоа платениот персонален данок на доход на работниците при зголемениот број на работни часови.

Од инсталираните капацитети за производство, 94% се во сопственост на членките на Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора на Македонија, подносители на барањето.

Со преработка на 11.500 тони месо минатата година, можниот капацитет за производство на полутрајни и трајни преработки од месо од 45.000 тони, кај наведените членки на Групацијата, се користи само 28%. Од вкупно преработената количина на месо само 1.700 тони, или само 15% е од домашно потекло, односно месо од домицилните производители, а останатото е од увоз, подвлече Ристовски.

Согласно статистичките податоци за увоз на месо по одделни категории и земји  на потекло, може да се констатира дека месо за преработка во нашата земја нема, што впрочем е утврдено и со стоковните биланси за основните земјоделски и прехранбени производи одделно за економска, односно календарска година.

Комерцијалните потреби од полутрајни и трајни преработки на месо  годишно изнесуваат околу 17.000 тони, кои од домашното прозводство се подмируваат со 65%, а 35% од увоз, при што се увезуваат околу 6.000 тони.

Увозот на преработки на месо во одделни години достигнуваше и до 9.000 тони, што покриваше над 60% од домашната потрошувачка, а очекувањето од оваа мерка е да се постигнат подобри резултати и пласирање на квалитетни производи, со цел поголема доминација на домашниот пазар, како и раст на извозот.

Според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, во Република Македонија се регистрирани 50 објекти за преработка на месо, од кои 12 веќе не работат. Од 38-те капацитети кои се` уште работат, 15 капацитети се регистрирани за производство на полутрајни и трајни производи со капацитет од 45.000 тони на годишно ниво/работа во една смена.

Васко Ристовски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права