Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ
07.11.2019 👁 Прочитано: 207

НЕНИ КОМПАНИ- КОМПАНИЈА КОЈА ГИ ЗАСТАПУВА И ПРОДАВА


Нени Компани е компанија во приватна сопственост основана во 1994 година во Скопје специјализирана за малопродажба на текстилни производи, кои се претежно од реномирани брендови. Целта на фирмата е максимално да ги задоволи потребите и желбите на своите потрошувачи, пред се со изборот на висококвалитетни производи од машка и женска колекција.

Со самото основање, во склопот на фирмата e бутикот „City fashion” во Градскиот Трговски Центар во Скопје а во 2012 година отворен е ексклузивниот бутик „City Fashion” во шопинг центарот Skopje City Mall, a во Ноември 2015 година отворен е бутикот „City fashion OUTLET”.

При посетата остварена е средба со Миле Атанасов еден од сопствениците на компанијата, на која се дискутираше за актуелните предизвици со кои се соочуваат во работењето, пред се од потребата за обезбедување на финансиски средства, каде целта на компанијата е да отвори ексклузивен бутик  во 2021 година во новиот трговски центар кај Скопски саем „Ист Гејт“ и со тоа да се заокружи една целина, во која бројот на вработени ќе достигне 40 лица и годишен обрт околу 3 милиони евра.

Како резултат на успешното работење претходната година се отвори и ексклузивниот бутик „City fashion WOMAN” со брендирана облека кој е наменет исклучиво за женската популација.

Од самото основање па до денес фирмата е во постојан развој и денес портфолиото на брендови кои се продаваат во нашите бутици е:  Emporio Armani, Karl Lagerfeld, Pierre Cardin, JOOP, Armani Exchange, , Fabi, Hogan, Eterna, Seidensticker, Club of comfort, Mickael Kors, Elisabetta Franchi, Furla, Versace jeans…

ТЕ-ТО АД Скопје забележа рекордно производство на електрична енергија во летниот период

Компанијата е активна и во големопродажна активност, односно снабдувањето на многубројни државни институции и приватни фирми со висококвалитетна и модерна “корпоративна” облека и се труди и во иднина успешно да ги извршува своите активности за максималното задоволување на своите потрошувачи.

Сашо Деспотоски