Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ
06.11.2019 👁 Прочитано: 232

А1 МАКЕДОНИЈА - СТРАТЕШКО ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА ПАЗАРОТ


Телекомуникациската компанија А1 МАКЕДОНИЈА е фокусирана на креирање и нудење на понуди за конвергентни и софистицирани дигитални решенија, коишто ги задоволуваат комуникациските потреби на резидентните и на деловните корисници. А1 има намера да стане водич во дигиталниот свет, за сите свои корисници, креирајќи и нудејќи нови и уште понапредни дигитални искуства и алатки. Компанијата оди чекор понапред, преку технологијата со којашто располага и бара нови можности за да го подобри секојдневниот живот на корисниците, се нудат нови и свежи идеи.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници. Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници, информираше извршниот директор Мислав Галер, при посетата на компанијата на м-р Анета Трајковска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, д-р Татјана Штерјова, директор на Дирекција и Лазо Ангелевски, виш советник, задолжен за работата на Здружението на информатичко комуникациските технологии во Комората. Компанијата А1 Македонија е член и покровител на Стопанската комора на Македонија.

Компанијата е насочена кон обезбедување на најдобри телекомуникациски и дигитални решенија и нуди обемно портфолио на услуги на едно место. Услугите, коишто ги нуди компанијата, се целосно насочени кон потребите на корисниците, а опфаќаат услуги во мобилната телефонија, во фиксната телефонија, мобилен и оптички интернет, кабелска и дигитална телевизија, конвергентна понуда, којашто вклучува комбинирани пакети со сите услуги, како и напредни ИКТ-решенија, согласно дигиталниот начин на живот. Корисниците добиваат производ, којшто е интуитивен, ефикасен, лесно одржлив и кој за кратко време станува незаменлива компонента во секојдневното работење, преку спој на технички решенија и иновативни идеи.

А1 ја сочинуваат млади, амбициозни, високообразовани и професионални кадри, со просечна возраст од 33 години. Вработените, се во центарот на динамичниот бизнис, со вештините, способностите, флексибилноста и одговорноста на вработените кон клиенти.

Консолидирајќи ја својата позиција во рамките на A1 Телеком Австрија Групацијата, извршниот директор на А1 Македонија Мислав Галер, го претстави новиот А1 бренд, осврнувајќи се на клучните поенти поврзани со процесот на ребрендирање, идните планови на компанијата како и на најновите понуди.

„Трансформацијата на А1 е стратешка одлука со која ја надградуваме нашата позиција на телекомуникацискиот пазар. Нашата визија како А1 е да бидеме партнер во дигитализацијата на македонското општество, да го поттикнеме дигиталниот начин на живеење и да бидеме водич за нашите корисници во оваа наша дигиталната ера на нови технологии. На корисниците им овозможуваме заедно да ги креираме искуства според нивните потреби, што ќе придонесе и за поквалитетен начин на живеење во дигиталното време”, изјави Мислав Галер.

Во 2019 година, компанијата го смени името, логото, и изгледот на своите продажни салони, воведе сосема нова корпоративната веб страница, воведе нови, модерни и софистицирани дигитални алатки. Новиот А1 бренд на корисниците им овозможува врвна услуга, одлично корисничко искуство и комуникациска инфраструктура која може да одговори на предизвиците што ги носи иднината.

Зад промената на брендот и името на компанијата стои многу поголема и суштинска промена која ќе влијае на сите сегменти од работењето што води кон задоволување на комуникациските потреби на корисниците, а подразбира најмодерна оптичка инфраструктура, мобилна мрежа од новата генерација која овозможува кристално јасен звук и подготвеност за 5G технологија.

Резултат со слика за А1 скопје

По повод официјалната објава за промена на брендот, A1 подготви повеќе иновации: новa услуга А1 Net Sef – личен сеф за интернет;  А1 Business понуда;  новата и усовршена апликација „Мојот A1“ е бесплатна и достапна за сите корисници, A1 Combo, производот овозможува одлично дигитално искуство со одличен квалитет, најдобри ТВ филмски канали, неограничен интернет,од денеска е достапен за сите нови корисници со Smart Band подарок.

Обезбедена е поврзаност насекаде - преку најсовремена, сопствена мрежа, А1 на корисниците, им овозможува целосна покриеност со 4G LTE мобилен интернет, насекаде во земјата и 4G+ во урбаните средини и покриеност на 99,8% од населението. А, грижата за корисниците на А1 е во секое време од денот, во текот на целата седмица.

На тема „Дигитализирај го твојот бизнис: Обликувај ја иднината! Европските искуства во Македонија“, А1 Македонија беше домаќин на А1 Дигитална конференција 2019, на која бизнис-заедницата имаше можност да ги слушне најновите трендови во дигиталната индустрија и понудата на А1 во дигитални и ИКТ-решенија. Со цел да биде вистински партнер во дигиталната трансформација на економијата и на општеството воопшто, А1 Македонија за своите бизнис-корисници ја организираше оваа конференција на која беа презентирани успешните европски искуства за дигитализација на бизнисот, пред сè, во доменот на „интернет на нештата“ (Internet of Things/IoT) и „клауд-решенијата“, како дел од услугите што А1 Диџитал (A1 Digital) ги нуди во рамките на своето портфолио.

Како домаќин на настанот, извршниот директор на А1 Македонија, Мислав Галер, кој уште еднаш ја потенцираше визијата на А1 Македонија да биде партнер во дигитализацијата на македонското општество и да го поттикне дигиталниот начин на живеење.

„Употребата на дигитални решенија расте сè повеќе од ден на ден, а дигиталната трансформација не е процес што нè очекува во иднината и за кој треба да се подготвуваме со изградба на нови технолошки решенија, туку се случува сега и насекаде околу нас. Како компанија, со ребрендирањето го завршивме нашето патување кон целосна дигитализација и сега нашата визија ја живееме стабилно и долгорочно, настојувајќи да бидеме лидер во дигиталниот свет за сите свои корисници, создавајќи и обезбедувајќи најнови дигитални искуства и алатки“, изјави Мислав Галер.

На оваа конференција беа врвните експерти за услугите на компанијата; за вертикални решенија на пазарот, како да се изградат поврзани производи; „клауд-решението“, за областа на безбедноста, партнерство, за дигитална трансформација.

Компанијата ги советува клиентите во врска со дигиталната трансформација и ги води низ дигитализацијата на нивните деловни области, за индустријата во ’интернет на нештата‘ (IoT), како и на производи базирани на ,клауд‘. Дигитализацијата на бизнисиte е неминовен процес што порано или подоцна мора да се случи и компаниите ќе успеат да го видат потенцијалот.  

Лазо Ангелевски