Средби, Семинар, Обука, Настан
   
27.11.2019
Семинар
ВЕШТИНИ НА ГОВОРНИШТВО И ЈАВЕН НАСТАП
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневна специјалистичка обука на тема:

ВЕШТИНИ НА ГОВОРНИШТВО И ЈАВЕН НАСТАП

27.11.2019 година (среда)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


Стопанската комора на Македонија, на 27 ноември 2019 година, организира еднодневна специјалистичка обука на тема: „ВЕШТИНИ НА ГОВОРНИШТВО И ЈАВЕН НАСТАП“.

Јавниот настап и моќта на успешното говорење е она што ќе направи клучна квалитативна разлика помеѓу успехот или неуспехот. Потребно е да се знае одлично да се говори, храбро да се настапи, брзо да се размислува и јасно да се изразува. Па оттука можеме да заклучиме дека е апсолутно многу важно за секого да ги совлада барем основните начини на вештините на говорење и на јавното настапување!

Не е важно дали се занимавме со политика, дали сме менаџери, продавачи, тренери, лидери, мотиватори, дали е Вашата цел да настапувате и говорите пред маса  луѓе, да држите продажни презентации на групи или поединци, или пак пред Вашите вработени или претпоставени или пак приватно треба да ги совладате 10 трикови од практично и лично искуство кои несомнено ќе Ви помогнат за подобро совладување на техниките за говорништво и јавен настап.

Главни прашања и теми кои ќе бидат фокус на обуката се:
• Дали сте размислувале зашто е вештината на говорењето толку важна и како истата може да Ви помогне во градењето на кариерата?
• Како да станете вешт говорник? Дали можете да ја освоите публиката? Реторички триаголник: етос, патос, логос;
• Уверливоста и самодовербата на говорникот;
• Секој говор се состои од две компоненти и тоа од она „што се зборува“ и она „како се зборува“;
• Како да одржите мотивациски говор?

Мотивациски говорник е некој кој со неговиот говор ќе ве мотивира да тргнете во акција. Тренер е лице кое чекори заедно со Вас на патот кон успехот.

Целта  на обуката:

Целта на обуката е секој поединец, без разлика дали во приватниот или професионалниот живот, на најдобар начин да научи да ги презентира своите идеи, работата, производите или услугите, а за тоа е несомнено дека најмногу ќе помогнат реторичките, односно говорните вештини.

За кого е наменета обуката?

Специјалистичката обука е наменета за топ менаџери, директори и раководители од сите нивоа во организацијата во секторите за продажба, логистика, маркетинг, осигурување, кредитирање, тим лидери, едукатори, презентери, како и за останатите вработени и лица кои сакаат да ги зголемат своите говорни вештини и успешни јавни настапи.

ПРОГРАМА:


МОДУЛ 1. УВЕРЛИВОСТА И САМОДОВЕРБАТА НА ГОВОРНИКОТ И ВЕШТИНИ НА ЈАВНОТО ИЗЛАГАЊЕ   
                                              
МОДУЛ 2. ЕЛЕМЕНТИ НА ДОБАР ГОВОР И ДОБАР ГОВОРНИК: СНИМАЊЕ НА ГОВОРИ                 
               
МОДУЛ 3. ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО ПРАВИЛО 10/20/30

МОДУЛ 4. СОВЕТИ КАКО ВАШИОТ БРЕНД НА ГОВОРНИК, МОТИВАТОР, ЛИДЕР, МЕНАЏЕР ИЛИ ТРЕНЕР ДА СТАНЕ ВИДЛИВ?


Секој учесник ќе ги научи следниве техники:

• Совладување на стравот и тензијата;
• Да го оставите посакуваниот впечаток уште во првите 90 секунди;
• Правило да се организирате и да ја изнесете содржината на разбирлив начин за сите слушатели;
• Со правилни техники да ја дефинирате содржината на јавниот настап;
• Да се приспособи излагањето спрема потребите на публиката;
• Управување со сите сегменти на невербална комуникација;
• Да се одржува нивото на енергија во текот на презентацијата, односно излагањето;
• Користете го својот глас;
• Да ја подобрите ефективноста на настапот со користење на визуелни помагала (power poist, плакати и сл.);
• Верување во контекстот на јавниот настап;
• Вешто одговарање на незгодни прашања.

Начин и методи на работа за време на обуката:

- Се работи во опуштена и позитивна атмосфера во вид на интерактивно учење и работилница;
- Практични и лични примери;
- Методата која ќе се применува е: предавање, brainstorming, студија на случај, играње на улоги, групни вежби, набљудување, се` со цел едукацијата да биде што подинамична и да се пренесат што повеќе практични вештини.

Предавач:

-Драгица Корењак, дипломиран менаџер, независен консултант, мотиватор и експерт за продажба. Нејзините досегашни едукативни настани бележат посетеност од над 30.000 учесници, во 7 земји, наменети за професионално усовршување на вработени во секторите продажба, маркетинг, дистрибуција и логистика, како и за претприемачи, менаџери и студенти.
Менаџер е за управување со деловни системи, со повеќе од 30-годишно искуство во областа на маркетинг и менаџмент, стекнато како професор на Факултетот за деловни студии „Gea College“ во Словенија. Поранешен претседател на Агенција за осигурување во Словенија (Commercial Interest Association of Slovenian insurance companies) и поранешен менаџер на Првиот словенечки институт за осигурување, претседател на Alumni клубот и сенатор на ALMA MATER EUROPEA-ECM.

За сите учесници на специјалистичката обука ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на обуката.

Работен јазик и материјали: српски јазик.

Краен рок за пријавување: 20.11.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244067
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје