НЕМА НАЈАВА ЗА ПОВОЛЕН БИЗНИС АМБИЕНТ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА
👁 Прочитано: 1378



НЕМА НАЈАВА ЗА ПОВОЛЕН БИЗНИС АМБИЕНТ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Драги Милошевски, претседател на Здружението на дрвната и графичката индустрија и издавачката дејност, АД „Киро Дандаро“ – Битола

Поголем број од печатниците работат за факултетите, јавните институции, училиштата, со компании за рекламни материјали и сл., каде што работата е речиси целосно замрена. Намалувањето на производството во графичката и издавачката дејност е над 60 %. Рекламните флаери и други печатени материјали приватните компании ги сведоа на минимум (освен прехраната: етикети, опаковки, кутии и сл). Заживување се чувствува во мај и дел од јуни, но со многу помал капацитет од минатата година овој период, без најава за поповолни состојби во следниов период од годинава.

Во индустријата на мебел досега има пад на прометот од над 50 %. Овој тренд ќе продолжи, најверојатно и со поголеми негативни ефекти до крајот на годинава поради одлуката за намалување на непродуктивните расходи од државниот буџет за цела 2020 година, како и нефункционирање на пазарот наменет за туризмот, угостителството, хотелиерството и кафулињата кои беа затворени поради кризата долг период, а сега работат со исклучително мал капацитет. Продажните салони исто така работат со мал капацитет.

Служба за информирање при Комората