МЕНТОРИТЕ ВО КОМПАНИИ – УСЛОВ ЗА УСПЕШНА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ

МЕНТОРИТЕ ВО КОМПАНИИ – УСЛОВ ЗА УСПЕШНА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ

Стопанската комора на Македонија работи на вклучување на компаниите, нејзини членки,  во дуалниот систем на образование каде учениците практично можат да ги применат своите теоретски знаења и да стекнат практични вештини. За таа цел, претставникот на Стопанската комора на Македонија, м-р Наташа Јаневска, оствари работната средба во средните стручни училишта „Георги Димитров” и „Лазар Танев” од Скопје, во насока на поврзување на училиштата со компаниите во кои учениците ќе реализираат практична обука.

 

МЕНТОРИТЕ ВО КОМПАНИИ – УСЛОВ ЗА УСПЕШНА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ-

- За успешна реализација на практичната обука најважни се менторите во компаниите кои ги водат учениците низ работниот процес во компанијата и го споделуваат нивното искуство и знаење со учениците. Онаа компанија во која има назначено ментор кој е одговорен за ученикот и кој поминал низ обуката за ментори, во таа компанија навистина квалитетно се реализира практичната обука, а учениците излегуваат задоволни од таквата обука, истакнаа директорите на двете училишта.

Комората согласно Законот за стручно образование и обука реализира обуки за ментори во компании. Обуката ги подготвува менторите како да му пристапат на ученикот и како да ги изберат методите со кои ќе се усоврши ученикот за понатамошна работа. 

Служба за информирање

Служба за информирање при Комората