КОЈА ГРАНКА ЌЕ ОТВОРИ 133.000 РАБОТНИ МЕСТА ДО 2025?
👁 Прочитано: 2498



КОЈА ГРАНКА ЌЕ ОТВОРИ 133.000 РАБОТНИ МЕСТА ДО 2025?

Ексклузивни репортажи за Фактор од Давос (Аријана Коскарова спикер на Технолошкиот парк во рамките на Светскиот Економски Форум)

Во рамките на Економскиот Форум во Давос се одржува и Технолошкиот парк, во кој оваа година во фокусот се две насоки - вештачка интелигенција и финансиски технологии.

Всушност, најголемиот дел од инвеститорите на Форумот се токму во делот на крипто и блокчејн технологии.

КОЈА ГРАНКА ЌЕ ОТВОРИ 133.000 РАБОТНИ МЕСТА ДО 2025?

Настанот го водеше уредникот на Блумберг, Марк Бартон, а првиот дел од технолошкиот парк посветен на вештачката интелегенција го отвори Риа Прасад, претседател на Европската комора на дигитални технологии, математичарка која кариерата ја започнала во НАСА, а учествувала и во создавањето на Мајкрософт Ексел. Таа раскажа дека вештачката интелигеција се создала како одговор на потребата од предвидување. Првиот софтвер за предвидување, кој имале за задача да го направат во НАСА, бил токму за времето, односно да се предвиди какво ќе биде времето во наредните денови, и токму во функција на тргувањето со енергија.

Извршниот директор на „Кока Кола“, Алан Боем, кој сега премина во „Проктер и Гембл“, започна со тоа дека вештачката интелигенција е најголемата револуција во светот. Доколку компанијата не користи вештачка интелигенција, нема да постои до 2030 година. Наскоро ќе можете да купите паста за заби од „Проктер и Гембл“ со вграден сензор, кој ќе ви каже дали вашето дете правилно ги мие забите, додека вие седите во дневна.

КОЈА ГРАНКА ЌЕ ОТВОРИ 133.000 РАБОТНИ МЕСТА ДО 2025?  

Марк Миневич пренесе дел од заклучоците на Технолошкиот Совет на Светскиот Економски Форум, а тоа е дека до 2025 година се очекува 52 отсто од нашата работа да биде направена од когнитивни агенти и машини. Околу 133 милиони нови работни места во областа на вештачка интелигенција се очекува да бидат отворени - вештачка интелигенција во медицина, во образование, во енергетика итн.

Интересна беше дискусијата во која се вклучи и Невил Теагарден од АИ Капитал, кој за инвестициите во вештачка интелигенција нагласи дека имаат и многу висок ризик.

„Инвестициите во вештачка интелигенција се со огромен поврат, но и со многу висок ризик. Како инвеститори ние бараме уникатни програми кои ќе го променат општеството, а ова е и почетната точка за менаџмент со ризици. Сценариото е следно, секоја масивна инвестиција носи и масивен ризик. Корпорациите, владите можат да го преземат тоа, но не и индивиуални фондови. Ние за да можеме да го менаџираме тој ризик мораме да инвестираме во работи што ќе ни донесат повраток на инвестиција за кратко време“, рече Теагарден.

Импресивна беше презентацијата на Јурген Шминдхубер кој е всушност професорот кој стои позади звучниот алгоритам, кој го користат Алекса, Сири, Фејсбук, Гугл итн. Се надевам дека ќе биде наш гостин на Балкански претприемачки самит оваа година. Нашата земја и компаниите можат да имаат голем бенефит од неговото знаење.

КОЈА ГРАНКА ЌЕ ОТВОРИ 133.000 РАБОТНИ МЕСТА ДО 2025?  

За крај би сакала да ја завршам оваа колумна со интересна фотографија од најновото откритие на секторот на креативни технологии на НАСА. Марко Темптест во живо презентираше како изгледа „зголемена реалност“ (augmented reality). На едната страна се движеше самиот тој и секој збор што ќе го кажеше, телевизорот го прикажуваше како реалност одма до него. Накратко, неговите мисли беа прикажани во реално време на слика до него.



За Фактор од Давос, Аријана Коскарова, МБА и спикер на годишениот форум во Давос

Аријана Коскарова спикер на Технолошкиот парк

во рамките на Светскиот Економски Форум во Давос,

основач на центарот “Creative Hub” во Скопје и Приштина

На технолошкиот парк во склопот на форумот на ДАВОС, спикер на панелот за жени претприемачи беше и македонката Аријана Коскарова кој оваа година се најде на листата на Форбес под 30 и е воедно и организатор на “Балкански претприемачки самит”.

Коскарова доби и награда за успешна жена претприемачка во фин-тех индустријата.

Коскарова е и автор на финтек апликација со успешен екзит во Хонг Конг, како и член во бордот на две блокчејн компании од Монако и Лондон, а до крајот на годината токму во соработка со блокчејн компанијата Модекс го отвора и хабот Блокчејн Македонија.

“На Форумот зборувавме за женска економија, за интегрирање на жената во бизнис светот, за меѓусебната поддршка преку асоцијации, мрежи на контакти, за формирање на фондови каде жени инвестираат во жени, а истиот ден токму од Давос, најголемата банка Голдман Сакс најави дека нема да инвестира во компании доколку во бордовите нема ниту една жена. Се надевам дека мојот успех ќе биде доволен мотив за сите, во иднина Македонија да има уште повеќе спикери на најголемиот економски форум во светот, заота што само така ќе можеме да направиме разлика и успех на нашата земја” рече помеѓу другото Аријана Коскарова на Светскиот Економски Форум во Давос.