19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

21.02.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

25.02.2019 (Работилница)
Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

26.02.2019 (Семинар)
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

28.02.2019 (Семинар)
ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

12.03.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

15.03.2019 (Академија)
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

21.03.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

01.04.2019 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Бизнис-настани

30.01.2019 - 30.01.2019


Тренинг обука Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат,  Македонија

ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ


Еднодневна обука на тема:

ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –
КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ
30.01.2019 година (среда)
10:00 - 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат


Постојат различни гледишта на организациите во однос на вложувањето во нивните вработени преку обука и развој. Едни, обуката и развојот на човечките ресурси ја гледаат како креирање на вредност со цел организацијата успешно да се справи со конкурентските предизвици, додека други пак сметаат дека преку иновативни практики за обука и развој на човечките ресурси ќе се подобрат финансиските резултати на организацијата и на тој начин таа ќе биде поконкурентна на пазарот. И од двете гледишта, обуката и развојот им помага на организациите да се справат со конкурентските предизвици. Промените во економијата, па и во другите области, резултираа и со намалување на буџетите за обука и развој на вработените. И покрај тоа, организациите треба да продолжат да применуваат ефикасни и ефективни практики за обука на вработените со цел да ги подобрат и развијат нивните компетенции, а со цел да се подобри или да се креира нов производ, услуга, да се генерираат нови идеи, да се обезбеди висококвалитетна услуга, да се подобри продуктивноста и сл. Исто така, грижата за професионалниот и кариерниот развој на вработените овозможува да се подготват вработените за менаџерски и лидерски позиции, да се привлечат и задржат вработените на сите нивоа и сите работни места.
Организациите сакаат работна сила која е мотивирана и продуктивна, која има ажурирани вештини и е способна брзо да учи со цел да се задоволат потребите на клиентите и на пазарот. Додека пак, вработените сакаат да развијат вештини кои нема да бидат само корисни за моменталните работни места, туку вештини кои ќе бидат во согласност со нивните лични интереси и вредности.
Еднодневната обука „Обука и развој на човечките ресурси – креирање на додадена и употреблива вредност за организациите“ ќе ви овозможи да се запознаете со начинот како да дизајнирате ефективна обука, како да ги идентификувате потребите од обука на вработените, како и кои методи да ги изберете, кого да го ангажирате како обучувач, како да ја имплементирате обуката, како да ги мерите ефектите од истата и сл. Поврзувајќи се на ефектот од научените лекции произлезени од обуките и другите едукативни активности, оваа обука ќе стави фокус и на грижата за професионалниот развој на вработените, како и менаџирањето на кариерниот развој на човечките ресурси во организациите.

Целна група

Обуката е наменета за оние кои се вклучени во реализирање на функциите на МЧР: менаџери на јавни и приватни организации, професионалци од областа на човечките ресурси, вработени кои се одговорни за спроведување на процесот на обука и развој на човечките ресурси во организациите, оперативни менаџери, супервизори и други заинтересирани страни.

ПРОГРАМА


Дизајнирање на ефективна обука:
•Анализа на потребите од обука;
•Дизајн на обука;
•Развивање на обука;
•Имплементација на обука;
•Евалуација на обука.

Професионален развој на човечките ресурси:

• Грижа за професионалниот развој на вработените во организациите;
•Фази на професионален развој;
•Генерациски разлики во процесот на учење;
•Стилови на учење;
•Трансфер на знаење;
•Е-учење.

Кариерен развој на човечките ресурси:

•Грижа за кариерниот развој на вработените во организациите;
•Фази на кариерен развој.

Евалуација на обуката - усна и писмена.

Предавач:
- проф. д-р Даниела Карадаков, директор на „БАС“ Високата школа и професор во наставната област Менаџмент на човечки ресурси. Обучувачот својата експертиза ја развива и ја споделува во областа на менаџмент на човечки ресурси, менаџмент во образование, личен менаџмент, организациско комуницирање, интерперсонални деловни вештини, организациско учење и сл. Таа истовремено е и обучувач и консултант во „ДЕТРА“ Центар - Скопје, каде извршува обучувачки и консултантски услуги во наведените области. Научните достигнувања ги гради и како доцент, односно како научен соработник во „БАС“ Институтот за менаџмент во Битола. Посветена е на научни истражувања во областа чии резултати ги објавува на научни и стручни собири, како и во научни списанија со импакт фактор.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на обуката.

Рок за пријавување: 25.01.2019 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права