29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

14.06.2017 (Семинар)
Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

16.03.2017 - 19.03.2017


Саем Истанбул,  Турција

"WIN EURASIA Automation“- Саем на автомобилската индустрија 16-19.03.2017


       „WIN EUROASIA Automation“
Саем на автомобилската индустрија

16-19 март  2017 година
Истанбул, Република Турција


     Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Hannoover fairs Turkey“, ве покануваат да бидете дел од „WIN EUROASIA Automation“ -  Саем на автомобилската индустрија. Саемот на автомобилската индустрија  ќе се одржи во периодот од 16 - 19 март 2017 година, во Истанбул, Р. Турција.

     Саемот „WIN EUROASIA“ оваа година на едно место ќе обедини 4 значајни саемски манифестации „Otomasyon EUROASIA“, „EURASIA Electrotech“, „Hydraulic & Pneumatic EURASIA“ и „CeMAT EURASIA“. Саемот на сите посетители и учесници им нуди  можност на едно место да ги видат сите најнови видови на технологии и иновации поврзани со електротехниката, хидрауликата, пневматиците и роботиката.

     Евроазискиот регион, како еден од пазарите што е во постојан  развој, има потреба од постојано зголемување на разновидноста на производите, што од друга страна е многу важно сите компании да  инвестираат во нови машини и делови и да бидат конкурентни на пазарот. Со користење на напредна технологија во секојдневното производство, ќе се зголеми конкурентноста на компаниите на домашниот, но и на странските пазари.
     Саемот на автомобилската индустрија е отворен за сите компании од автомобилската индустрија и сите комплементарни индустрии и сектори.

     Стопанската комора на Македонија на компаниите им овозможува:
• бесплатни влезници за Саемот;
• бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно;
• бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно;
• бесплатно сместување во хотел со 4* или 5* (зависно од расположливите капацитети на хотелите);
• организиразни билатерални деловни средби со компании;
• посета на компании и фабрики.
 
     Саемот можат да го посетат максимум двајца учесници од една компанија.

     Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 20.02.2017 година (понеделник).

     За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:
- Сања Николова, телефон:+ 389 322 44 091,
 е-адреса: sanja@mchamber.mk  


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права