28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

02.09.2017 - 02.09.2017


Тренинг обука Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР


Тренинг-програма во соработка со  Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI

МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

2-4.10.2017 година
31.10-2.11.2017 година

9:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, ја организираат третата по ред Тренинг-програма на тема: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР.
Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект.
Програмата се состои од 6 дена обука од странски предавачи во Стопанската комора на Македонија (2 поединечни модула, секој во времетраење од 3 дена) и 3 дена студиски престој во Виена, Австрија. По завршување на обуката која се одржува во Стопанската комора на Македонија следува тестирање на теоретскиот дел. Учесниците кои успешно ќе го поминат тестот и кои ќе остварат 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора.
Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици.

Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции.

Цели на програмата:
-надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет;
-можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании;
-искуство од странски експерти;
-можност за соработка со австриски компании;
-меѓународно признат WIFI сертификат.

ПРОГРАМА:
Модул 1: Меѓународен маркетинг и менаџирање со извоз 
Период на одржување: 2-4.10.2017 година.
Предавач: Асетила Костингер,
сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години интернационално работно искуство како консултант и предавач за меѓународен бизнис развој. Експерт за конкурентност и развој на приватниот сектор, со долгогодишно искуство во спроведување на проценка на пазарот и истражувања наменети за компаниите. Работно искуство во проектно работење како консултант за аплицирање на проекти од европските програми (Horizon 2020, SME’s instrument, IPA etc.). Дел од портфолиото со референци од: Дунавскиот Универзитет во Кремс, Австрија; Центар за новинарство и комуникација, Кремс, Австрија; Авангарда ГмбХ, Виена, Австрија; Комората за трговија и индустрија на Тирана,  Албанија; Gulliver Ok Travel, Тирана, Албанија, Iceberg Communication, Тирана, Албанија; Gruppo Edile Koni srl, Милано, Италија; ERFEBA-ASIA Ltd. Хонг Конг; Ankey Consulting and Trade, Анкара, Турција; IMC, Кремс, Австрија; MCI Инсбрук, Австрија; Јилдирим Бајазит Универзитетот во Анкара, Турција; WIFI IKT, Виена, Австрија; Министерството за туризам на Албанија, UCCIAL Сојуз на индустриски стопански комори на Албанија, Österreichischer Städtebund; Akademie Westerham во Feldkirchen-Westerham Германија, EUROCHAMBRЕS, Брисел; Европскиот универзитет во Тирана; FH Бургенланд, Австрија.

Работен јазик на обуката: англиски јазик, со обезбеден превод.

Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање
Период на одржување: 31.10-2.11.2017 година.
Предавач: Александра Веселиновиќ
, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., Сојузот на стопански комори во Бања Лука, Босна и Херцеговина, Leoni Wiring Systems Southeast, Институтот за одржливи заедници и Програмата за граѓанско општество (CSF) и други.

Работен јазик на обуката: српски јазик.

http://www.mchamber.mk//upload/WIFI%203.jpghttp://www.mchamber.mk//upload/WIFI%203.jpg

 Фотографија од првата група за време на деловните средби во Виена

 Фотографија од втората група од обуката за време на теоретскиот дел


Коментари и препораки на дел од учесниците на тренинг-програмата:

- Тренинг-програмата со WIFI: ЕФЕКТИВНА ПРОДАЖБА КАКО РЕЗУЛТАТ НА УСПЕШНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА, беше мошне пријатно изненадување за мене бидејќи е прва програма од ваков тип организирана во Македонија. Тренингот ми помогна да развијам дополнителни знаења како за личен така и за професионален развој, како и за развој на нашата компанија во повеќе сегменти. Предавачите се висококвалификувани ентузијасти подготвени да одговорат на сите прашања  кои ќе помогнат во соочувањето со секојдневните предизвици на работното место. Успеаја лесно да ни покажат како глобалните трендови може да функционираат во локални рамки. Обуката беше мошне едукативна, практична и применлива. Секако ги има моите највисоки препораки.
(Борис Мојсов, „Порше Македонија“)


- Со задоволство можам да кажам дека моите импресии од целосната Тренинг-програма со WIFI се на многу високо ниво. Пред се` го поздравувам целиот тим за прецизноста и организираноста на обуката, како и тренерите за трансферот на знаења. Особено сум задоволен од средбите што ги остварив со австриските компании, бидејќи имав можност да ја претставам нашата компанија, да размениме контакти и да поразговараме за нови идеи, начини и можности за идна соработка.
(Али Османи, ДПТУ „Пуцко Петрол“ ДООЕЛ)

 

- Посетата на австриските компании во Австрија во организација на WIFI Институтот и Стопанската комора на Македонија беше професионална и исклучителна. Имено, состаноците се одвиваа на високо ниво, каде домаќини беа претставници на највисокoто раководно ниво на австриските компании. Меѓу другото, би го издвоил состанокот со Здружението на осигурување при Австриската комора каде беа разменети различни искуства во доменот на осигурителната дејност во Република Австрија и во Република Македонија.
За крај, голема благодарност за логистиката, организирана од Стопанската комора на Австрија. Нивниот придонес беше во насока сите состаноци да почнат со „Швајцарска точност“.
Ви благодарам уште еднаш на убавата можност да се промовира Македонија и да се воспостават корисни деловни контакти со Австрија.
(Игор Србиноски, Кроација осигурување - неживот АД - Скопје)  

- Желбата за учество и очекувањата од семинарот за нас беа големи.

На семинарот беа ангажирани високо стручни тренери, кои на едноставен начин со примена на нови методолошки средства преку примери и практични вежби, успеваа да ни ги пренесат најважните знаења за стекнување на вештини во продажба, преговарање, решавање на конфликтни ситуации и друго.

Деловните состаноци во Австрија беа организирани со релевантни фирми кои ни овозможија запознавање, размена на искуства и секако можност за развој на деловна комуникација и соработка.

(Јованка Билјан, Славе Билјан и Стефанија Мукоска - месната индустрија „БИЛЈАНОВИ” – Струга)

 

Котизацијата за тренинг-програмата со WIFI изнесува 36.900 денари + ДДВ и истата вклучува:
-обука за програмата во времетраење од 6 дена (2 модулa x 3 дена) и  тридневен престој во Виена, Австрија;
-хотелско сместување во двокреветни соби во Виена;
-превоз аеродром – хотел – аеродром;
-преведувач за време на обуката и за време на престојот во Виена;
-работни материјали;
-организација и присуство на бизнис форум и индивидуални термини за учесниците во Австија;
-организирана свечена вечера во Виена и доделување на WIFI сертификати.
*Во котизацијата не е вклучен превозот Скопје – Виена – Скопје.
 
ПРОМОТИВНО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ДО 15 ЈУЛИ -15% ПОПУСТ, ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ДО 15 АВГУСТ – 10% ПОПУСТ !

 

Краен рок за пријавување: 14.9.2017 година
 
*Напомена: Потребен број на учесници за реализација на обуките: 15 – 20 лица. Обуката нема да се реализира доколку не е формирана група од минимум 15 учесници. Ве молиме, да се има предвид дека согласно Меморандумот за соработка со WIFI International, Стопанската комора на Македонија не е во можност да прими пријави по истекот на крајниот рок. Истиот рок се однесува и на уплатите за котизација за обуката.
 
Во прилог:


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права