Семинар 29.01.2020 7 ТОЧКИ КАКО ДА ГИ ПОСТИГНЕМЕ НАШИТЕ БИЗНИС ЦЕЛИ ВО НОВАТА 2020 ГОДИНА

Стопанска комора на Македонија

Еднодневна тренинг обука на тема:

7 ТОЧКИ КАКО ДА ГИ ПОСТИГНЕМЕ НАШИТЕ БИЗНИС ЦЕЛИ ВО НОВАТА 2020 ГОДИНА

29.01.2020 година (среда)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


Целите се извор за мотивација. Кога нема да ги постигнеме, доживуваме разочарување. Секој еден вработен треба да допринесува за главната цел во една организација остварувајќи ја целта на неговото работно место. Доколку целите од поединечните работни места не се усогласени со големата цел, тогаш фактички ја спречуваме реализацијата на компаниската цел. Еден успешен и мотивиран колектив знае како неговата дневна продукција придонесува за остварување на целта.

Доколку компанијата нема воспоставено систем со која ќе ја мери продуктивноста на вработените и ќе следи дали продуктивноста е насочена кон остварување на конкретна цел, вработените ќе бидат немотивирани и конфузни, а работата ќе им биде здодевна роботска рутина. Постои точна техника за тоа како да ги поставиме целите и да имаме контрола врз нивна реализација, а со самото тоа ќе имаме и контрола врз моралот, продуктивноста и мотивираноста на нашиот тим.   

За таа цел Стопанската комора на Македонија, на 29 јануари 2020 година организира еднодневна тренинг обука на тема: „7 ТОЧКИ КАКО ДА ГИ ПОСТИГНЕМЕ НАШИТЕ БИЗНИС ЦЕЛИ ВО НОВАТА 2020 ГОДИНА“.
 
На оваа тренинг обука ќе го научите клучот за тоа:

- Како да ја зголемите одговорноста на вработените кон вашата фирма;
- Како тие да се чувствуваат дека навистина се дел од вашиот тим;
- Како сите вработени да бидат сплотени кон една цел;
- Како со помалку напор да ги надминеме препреките кон зацртаната цел;

Сето ова се базира на 7-те точки како да ги поставиме и реализирме целите.
Доколку разбереме како универзумот и нашиот ум функционираат и доколку ги разбереме нивните закони, ќе можеме полесно да ги оствариме целите, а со самото тоа ќе можеме да превземеме поголема контрола врз нашиот живот, фирма и работно место!

За кого е наменета  тренинг обуката?
Тренинг обуката е приспособена за претставници на бизнис заедницата од линиски, среден и врвен менаџмент кои сакаат да развијат вештини за тоа како да го менџираат својот тим усогласувајќи ги компаниските цели. Присутните ќе научат како да ги постават и разглобат бизнис целите до конкретни дневни чекори кои нивните вработени треба да ги превземат за да може главната цел на компанијата да се реализира. Со самото тоа ќе имате вистински тим составен од мотивирани и среќни вработени.

ПРОГРАМА:

I МОДУЛ
• Кои се седумте правила на  универзумот што ќе ни овозможат полесно да ги постигнеме целите кои менаџментот ќе ги зацрта;
• Зошто поставувањето на целта на вистински начин е од суштинско значење за да се постигне целта;
• Која е причината зошто некој цели можат да бидат блокирани од самите нас и да не се остварат;
• Како да се ослободиме од негативните мисли и стравови  за да можеме да ги оствариме целите;
• Како да ги мотивирате вработените за самите тие да не го кочат остварување на компаниската цел туку да превземат одговорност за нејзино остварување.

II МОДУЛ
• Која емоција е најуспешна, со која најлесно ќе ги надминеме сите препреки на патот кон целта;
• Како дел од умот нè саботира во постигнување на целите?
• Како да функционираме и да сме продуктивни под притисок на време и таргети;
• Зошто целта мора да е точно и прецизно дефинирана за да може полесно да се оствари;
 
III МОДУЛ
• Што еден менаџер мора да направи кога тимот ја губи иницијативата за да може да ги мотивира вработените;
• Како да го ослободиме нашиот ум и имагинација за да можеме да веруваме во иднината и во нашите цели?
• Од каде потекнуваат ограничувањата на умот и зошто некој луѓе се плашат да сонуваат и да     имаат цели?
• Кој е одговорот на тоа дали треба да имаме големи цели или пореални цели?
• Како да ги усогласиме целите на секое работно место со главната цел на компанијата?

IV МОДУЛ 
Практична вежба со која целта на компанијата или секторот ќе биде разложена на конкретни чекори за да се оствари. Во оваа вежба учесниците ќе научат како со сите расположливи ресурси и не повеќе од тоа да дојдат до остварување на целта. Секоја компанија во овој момент ги има на располагање сите ресурси потребни за нивната цел да се реализира. Не секоја компанија ги користи или е свесна за тоа кои се тие ресурси.

Придобивки од тренинг обуката:
• зголемена мотивација;
• ентузијазам и оптимизам за работата и животот;
• зголемен фокус и концентрација;
• препознавање и оттргнување на оправданијата кои водат кон себесаботирање и саботирање на тимот;
• зголемена иницијатива кај вработените;
• зголемена контрола и одговорност;
• променети ставови и гледишта за животот и работата;
• зголемена ефективност, организираност и постигнати цели;
• зголемена сигурност и самодоверба;
• тимски дух.

Предавач:
- д-р Жарко Костиќ, доктор по медицина, мотивациски говорник и тренер за личен развој. После дипломирањето на Медицинскиот факултет, својот интерес го насочува кон тоа како да го зголемиме умствениот и духовниот потенцијал, а со тоа и како да ја зголемиме мотивацијата и како да го редуцираме стресот. Токму на овие и слични теми д-р Костиќ има одржано над 2000 предавања и учествувал во над 300 тв и радио емисии, а воедно е и автор и водител на мотивациската ТВ емисија „Откриени тајни“.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
− работен материјал;
− ручeк и освежување;
− сертификат за присуство на семинарот.

Последен рок за пријавување: 27.01.2020 година.

Семинари

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Конференција, 27.09.2020
ИЗВОЗНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОГОЛЕМА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ НА ТУРИЗМОТ КАКО ПРЕДИЗВИК НА НОВОТО ВРЕМЕ
Семинар, 29.09.2020
ИНТЕРНИ АУДИТОРИ НА СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 01.10.2020
ОСНОВИ НА AutoCAD
Семинар, 06.10.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Online Бизнис средби, 08.10.2020
за учество на „виртуелен“- он-лине брокерски настан - The VIRTUAL BROKERAGE EVENT - INNOVATION VILLAGE 2020- VBE-IV2020
Саем, 14.10.2020
Меѓународен „онлајн“ индустриски саем „ТеМЕкс“
Семинар, 14.10.2020
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПЛАН И ЛИСТА НА АРХИВСКИ ЗНАЦИ СО РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ, ИЗБОР НА КОМИСИЈА ЗА НЕГОВО ИЗГОТВУВАЊЕ, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ ЗА ТЕКОВНА 2021 ГОДИНА ВО ПРЕДВИДЕН ЗАКОНСКИ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО ДРЖАВЕН АРХИВ НА РСМ
Семинар, 15.10.2020
ВРШЕЊЕ ВИДЕО НАДЗОР СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИСТИОТ
Саем, 16.10.2020
„CII AGRO & FOOD TECH“- ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И АГРОКУЛТУРА -ИНДИЈА 2020
Саем, 21.10.2020
Саем за директни бизнис средби „Братислава 2020“
Семинар, 30.10.2020
ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“