1066 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
25.10.2018
АЗЕСКИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА „БАЛКАНОТ И ЕУ – ПЕТГОДИШЕН ЦИКЛУС НА БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС“


Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со делегација на македонски стопанственици, учествува на Конференцијата „Балканот и ЕУ – петгодишен циклус на Берлинскиот процес“, организирана од Стопанската комора на Црна Гора, која се одржува на 25 и 26.10.2018 година, во Будва, Црна Гора.

pres konferencija
 
Централна тема на Конференцијата се економските аспекти на Берлинскиот процес, резултатите кои до сега се остварени во рамките на овој процес, визиите на иднината на Балканот, и текот на реформските процеси, кои треба да овозможат побрзо интегрирање на регионот на Западен Балкан во Европската унија, понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор и олеснување на регионалната мобилност.

pres konferencija

На маргините на Конференцијата, претседателот Азески оствари средби со Себастијан Курц, канцелар на Република Австрија, кој ја изрази својата поддршка за активностите на Коморскиот инвестициски форум во насока на унапредување на регионалната економска соработка, како и со Мило Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора, Душко Марковиќ, претседател на Владата на Црна Гора, Иван Брајовиќ, претседател на Собранието на Црна Гора, Рамуш Харадинај, претседател на Владата на Република Косово, Расим Љајиќ, потпретседател на Владата на Република Србија, д-р Кочо Анѓушев, потпретседател на Владата на Република Македонија, Крешник Бектеши, министер за економија во Владата на Република Македонија, претставници на повеќе меѓународни институции и бројни стопанственици од регионот.

pres konferencija

Одделение за информирање

АЗЕСКИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА „БАЛКАНОТ И ЕУ – ПЕТГОДИШЕН ЦИКЛУС НА БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС“