13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

17.11.2017 - 17.11.2017


Советување Јанина, Република Грција,  

СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС


Сојузот на сметководители на Република Македонија во соработка со Стопанската комора на Македонија Ве поканува да земете учество на советувањето во Јанина, Република Грција кое ќе се одржи од 3 до 6 декември 2017 година. Советувањето ќе се реализира согласно програмата која е припремена и прилагодена на годишната програма на ИСОС и обезбедува сразмерна структура на часови за континиурано професионално усовршување на сметководителите и овластените сметководители.

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА:

Прв ден 4.12.2017 година (од 9 - 17 часот)

 Тема

 Време

 Информатичка технологија

- Сметководствено информациониот систем и интегрираното известување

 2 часа

 Законска регулатива

- Корпоративно право во делот на финансиското известување и сметководството
- Можни унапредувања во областа на финансиското сметководство и известувањето
- Можни унапредувања во областа на сметководството на трошоци и управувачкото сметководство
- Основи за признавање и вреднување на елементите на финансиските извештаи и потребата од информации на корисниците на тие извештаи
- Процесот на финансиското известување во современа корпоративна компанија

 3 часа

 Даноци

- Закон за Данок на добивка
- Закон за персонален данок на доход
- Данок на додадена вредност
- Даночни процесни правила

 3 часа

Втор ден 5.12.2017 година (9-17 часот)

 Тема

 Време

 Актуелни теми – други професионални и регулаторни тела
Законот за работни односи
- Плата, додатоци на плата
- Разлика помеѓу додатоци и надоместоци на плата
- Надомест на трошоци поврзани со работата
          Измени и дополнувања на Законот за минимална плата

 8 часа

Предавачите се истакнати експерти со долгогодишно професионално искуство од соодветните области.

АРАНЖМАН:

Цена за сместување и превоз

 - сместување и превоз во двокреветна соба по лице, на база 2 полупансиона и 1 ноќевање со појадок, по учесник изнесува 19.500 денари
 - за сместување во еднокреветна соба се доплаќа 4.000 денари;

Во цената е вклучено: 

 - Превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Јанина - Скопје (тргнување на 3 декември 2017 година, во 06:00 часот и враќање  на 6 декември 2017 година во вечерните часови);
 - Сместување во хотел Епирус Палас (www.epiruspalace.gr) на база 2 полупансиони и 1 ноќевање со појадок ;
 - свечена вечера во традиционален ресторан;
 - разглед на градот Јанина, Вергина и организирана посета на шопинг центар во Солун

(Плаќањето е по добиена про-фактура од страна на туристичката агенција на Вашата електронска пошта).

Надомест за советувањето
 - 4.720 денари (4000 + 18% ДДВ)  

Во цената на аранжманот не е вклучено:
 • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци.

 • Поради ограничен број на места, крајниот рок за пријавување е до 17 ноември 2017 година.
 • Резервацијата се смета за потврдена со извршената уплата, а за откажување на аранжманот после 20.11.2017 година не се врќаат уплатените средства

Пријавувањето за советувањето после овој рок  ќе зависи од расположливите капацитети на хотелот

Сигурна реализација е со пријавени 25 учесници.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 • работен материјал;
 • потврда на учесниците за реализиран фонд на часови за КПУ.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права