23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Настан)
Симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

21.11.2017 - 21.11.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата


Еднодневен семинар на тема:

ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА
- Нова перспектива на продажбата –

21.11.2017 година (вторник)
09:00 – 16:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

• Зошто продажбата понекогаш ви оди толку тешко? 
• Која е вистинската причина за успех или неуспех во продажбата?
• Дали сте свесни за емоциите низ кои поминувате во процесот  на  продажба?


        Традиционалниот начин на продажба повеќе не функционира. Преку јакнење на вашите продажни вештини и техники вие го јакнете и вашето знаење. Меѓутоа, вашите резултати не се повеќе поврзани само со знаењето за поставување на таргети, профилирање на нови контакти и отварање на нови можности. Знаењето не секогаш е доволно за имплементација и остварување на продажба. Тоа во најголем дел е поврзано со емоциите во процесот низ кој поминуваме и со кој се справуваме, т.е менаџираме во дадена ситуација.
        Со зголемување на бројот на можности, клиентите се’ повеќе сакаат да бидат разбрани, да бидат третирани со етика и внимание.

Затоа доколку сакате да дознаете повеќе за:
- Основните чекори во продажбата,
- Како полесно да ги препознаете доминантните емоции кај вас и другите во процесот на продажба,
- Создавање на силни и долгорочни врски со вашите клиентите со цел зголемување на профитабилноста на вашата компанија
бидете дел од еднодневниот семинар „Емпатична продажба“ кој Стопанската комора на Македонија го организира на 21 ноември 2017 година.


ПРОГРАМА

1. Само-менаџирање
   - Значењето на само-менаџирањето во секојдневното работење;
  - Емоции и менаџирање на емоции (свесност, его, емпатија, страв, стрес, мотивација).

2. Што е продажба? 
   - Емпатична продажба;
   - Дали сте родени продавачи?
     
ПАТОТ НА КУПУВАЧОТ 
     
3. Чекор 1 – Контакт со купувач
   - Психологија на карактери;
   - Говор на тело (сигналите што ги испраќаме).

4. Чекор 2 – Препознавање на потребите 
   - Асертивна (Емпатична) комуникација;
   - Активно слушање;
   - Моќни прашања.

5. Чекор 3 – Презентацја на производ
   - Продавање на бенефити;
   - Одговор на приговори;

6. Чекор 4 – Затворање на продажба 
   - Техники на затворање на продажба;
   - Врзана /Вкрстена продажба.

Бенефити од учество на семинарот
• Моќни и практични продажни алатки кои ќе ви помогнат вам и на вашиот продажен тим да се справите во секој чекор од продажбата и да бидете поуспешни во секоја следна продажба;
• Како да создадете оддржлива /долгорочна врска со вашите клиенти;
• Како да ги разберете емоциите во процесот на секоја продажба и како да се справите со нив;
• Како да ја добиете продажбата што другите ја пропуштаат.

За кого е наменета програмата?
- Менаџери на  продажба;
- Продавачи / Продажни тимови;
- Сопственици на мали и средни бизниси;
- Претприемачи;
- За сите оние кои сакаат да ги зајакнат своите продажни вештини и   научат нов пристап во продажбата.

Предавач
Петар Лазаров
е продажен консултант за маркетинг/брендинг, продажба, менаџмент, извоз, автор и ко-сопственик на Македонија-Експорт. Со своето искуство во развој на македонски брендови и бизниси се издвојува како еден од ретките предавачи од трета генерација на обучувачи кои своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата. Петар е и дел од тимот за развој и продажба на брендовите МАМА'S - традиционални домашни рецепти кои се извезува во повеќе од 30 земји и TIP OF THE WEEK - прирачниците за личен и професионален развој кои се продадени во +12.000 примероци и покрај во Македонија, се издадени и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување; 
- TIP OF THE WEEK Прирачник за личен и професионален развој;
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 16 ноември 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права