Насока за инвеститорите за најголемите економии во светот до 2030 година
➢ Актуелно (29.09.2020)
👁 Прочитано: 939



Насока за инвеститорите за најголемите економии во светот до 2030 година

Според неодамнешната прогноза на „Стандард чардерд“, мултинационалната банка со седиште во Лондон, денешните пазари во развој претставуваат идни лидери. Банката гледа дека економиите во развој, како Индонезија, Турција, Бразил и Египет се движат нагоре  и до 2030 година се проценува дека седум од најголемите 10 економии во светот според БДП ќе бидат лоцирани на пазарите во развој.

Ако се земат споредбите и податоците на ММФ за БДП за 2017 година , според прогнозата, најголемото изненадување на списокот е Египет, земја која според „Стандард чардерд“ расте со огромно темпо во оваа временска рамка. Можеби ова ја прави ваквата проекција прилично амбициозна, особено имајќи предвид дека организациите како ММФ гледаат дека Египет просечно се приближува до 8% од годишниот раст на БДП  во текот на следните неколку години.

Покрај Египет, веројатно е дека напредувањето на пазарите во развој ќе продолжи да биде тема во идните проекции од други банки и меѓународни организации.

До 2030 година, Индија ќе биде втора по големина економија според многу различни модели - и дотогаш, таа ќе биде и најнаселена земја во светот. Се очекува да ја надмине и  Кина во 2026 година.

Со оглед на тоа што поделбата меѓу новите и развиените економии се намалува со навидум побрза стапка од кога било досега, ова треба да се сфати како интересна можност за сите инвеститори кои планираат долгорочно.

Служба за информирање при Комората