19.10.2018 (Семинар)
СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО

25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

13.06.2018


Актуелно  

СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ОДРЖА СЕДНИЦА НА УПРАВЕН ОДБОР - НОВО ИЗДАНИЕ НА БЕЛАТА КНИГА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БИЗНИС КЛИМАТА И ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ


На 12 јуни 2018 година Управниот одбор на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија одржа редовна седница на којашто се дискутираше за  повеќе точки на дневниот ред.

Алесандро Занота, економски советник во Делегацијата на Европската унија во Скопје ги презентираше клучните поенти од последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, со посебен акцент на економските критериуми и перформанси на земјата во изминатиот период.

Членовите на Управниот одбор на Советот донесоа одлука до крајот на годината да се објави ново издание на Белата книга за евалуација на актулените услови за водење бизнис и инвестирање во земјава, како и нови предлог-мерки и препораки за унапредување на деловниот амбиент и олеснување на деловното работење за странските и домашните компании.

Во таа насока, работните групи при Советот на странските инвеститори, составени од експерти од различни области, ќе ги дефинираат клучните препораки за побрз економски развој во делот на: даночната политика, јавна администрација, имотно-правни односи, законската регулатива, работни односи, екологија итн.

На седницата, исто така беа презентирани и организиционите активности за реализација на овогодинешното издание на хуманитарниот хепенинг Светски пикник којшто ќе се одржи на 24 јуни 2018 година во Градски парк, со почеток во 12 часот.

Влатко Стојановски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права