21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

11.06.2018


Актуелно  

Конференција на тема: „ТРИЛАТЕРАЛЕН ДИЈАЛОГ ЗА КАНАДСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ОДРЖЛИВО РУДАРСТВО“


Во насока на користење на позитивните практики и стандарди за одржливо рударство од развиените земји, натамошен развој на рударските проекти за взаемна корист на сите заинтересирани страни и постигнување отворен дијалог во однос на правниот аспект во процесот на донесување одлуки, Стопанската комора на Македонија преку Македонската асоцијација на рударството (МАР), во соработка со Амбасадата на Канада во Р. Србија задолжена за Р. Македонија одржаа Конференција на тема: „Трилатерален дијалог за канадските стандарди за одржливо рударство“.

 

Овој настан претставува одлична можност за поттикнување и раздвижување на моменталната состојба во рударскиот сектор во Република Македонија констатираше претседателот на Македонската Асоцијација на рударството (МАР) при Стопанската комора на Македонија Николајчо Николов. При тоа посочи дека позитивните искуства и практики во реформските процеси и мерки, како и високите етички стандарди, пренесени од канадските експерти на денешнаѕа Конференција, ќе придонесат за подобра имплементација на напредната рударска технологија и иновативен пристап во развојот и управувањето со рудниците во Република Македонија.

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна размената на искуства во начинот на регулирањето на една област е од клучно значење за напредокот, економскиот и социјалниот развој, но и за унапредувањето на односите меѓу двете земји. Како резултат на преструктуирањето на рудниците, Македонија бележи зголемување на учеството на оваа гранка во вкупното индустриско производство. Бектеши информираше дека министерството за економија во моментов работи на унапредување на законската регулатива, но и на подазаконските акти од областа на геологијата и рударството, а долгорочно има за цел да ги надгради техничките нормативи и стандардите од оваа област. Истовремено се разгледува и можноста за искористување на петротермалната енергија од подземни жешки карпи, за што има голем потенцијал во Македонија.

Амбасадорката на Канада во Србија, задолжена и за Македонија и Црна Гора, Нејзината Екселенција Кати Чаба истакна дека нашата земја има големи предности што има пристап до минерални суровини, кои доколку се користат рационално можат да обезбедат раст на животниот стандард. Одговорното рударство може да одигра значајна улога во економскиот раст и општествениот развој, како и управувањето со рудниците. Канада има одлична репутација во светот како бизнис лидер во користење на напредна рударска технологија и иновативен пристап во развојот и управувањето со рудниците, посочи амбасадорката Чаба, потенцирајќи дека одговорно, одржливо рударство не значи по автоматизам штета на другите економски сектори, како земјоделието или туризмот, туку може да коегзистира во хармонија со нив.

Искуството од канадските рударски компании можат да помогнат во креирање и развој на рударството како силна водечка гранка која може да понуди високи стандарди, примена на одговорни практики за заштита на животната средина и општествената заштита, како и транспарентна комуникација во нивните проекти во Македонија, посочи Чаба.

Во рамки на Конференцијата се одржа и панел дискусија на којашто експерти од рударскиот сектор со претставниците од владиниот сектор, градоначалниците на поголемите македонски општини и компании од рударската индустрија дискутираа за можностите и потенцијалите за понатамошен развој на секторот во Република Македонија.

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Канада за првите три месеци од 2018 година изнесува 3,17 милиони САД $, и бележи пораст од 60% споредено со истиот период од минатата  година. Извозот изнесува 1,8 милиони САД $, што претставува зголемување од 109%, додека увозното салдо изнесува 1,37 милиони САД $, или зголемување од 22,3% споредбено со истиот период лани. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Канада за споредбениот период, остварен е трговски суфицит од 423,7 илјади САД $.

м-р Ивана Крстевска 
м-р Сања Николова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права