26.07.2017 (Бизнис средби)
Билатерални деловни средби меѓу македонски и турски компании - 26.07.2017 Скопје

26.08.2017 (Форум)
12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина -26.08.2017, Горња Радгона,Р.Словенија

06.09.2017 (Семинар)
ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

12.09.2017 (Семинар)
Дводневен семинар: УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

20.09.2017 (Семинар)
Советување на тема:ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

Бизнис-настани

16.03.2017 - 16.03.2017


Бизнис средби Франкфурт,  Германија

Меѓународни деловни средби „ISH 2017 Brokerage Event “- (енергетски сектор, животна средина и вода)


Стопанската комора на Македонија преку ЕЕН Мрежата во соработка со Европската мрежа на претприемачи од Хесен, СР Германија, ве покануваат да учествувате на меѓународните деловни средби на настанот „ISH 2017 Brokerage Event“- Саем и деловни средби за дизајн на иновативни бањи, енергетско ефикасно греење, технологии за греење, еколошка климатизација, ладење и вентилација и обновливи извори на енергија на 16 март 2017 година, во Франкфурт на Мајна, СР Германија.

Хесен е една од шеснаесетте сојузни покраини во Германија, која има површина од 21.110 км2 и околу шест милиони жители. Главен град на Хесен е Висбаден, додека негов економски центар е Франкфурт на Мајна.

На овој настан главен акцент ќе се даде на најновите случувања во енергетскиот сектор, животната средина и водата, со најновите технолошки и иновативни достигнувања, со цел да се најдат партнери за бизнис соработка во индустријата, дистрибутери, продавачи на големо, трговци на мало, како и други компании кои се во потрага по потенцијални партнери за да обезбедат развој на бизнисот во следните сектори:

• дизајн на бањи и санитарии;
• нови технологии за греење, климатизација, ладење и вентилација и инсталации;
• изградба и енергетски технологии;
• ефикасни системи и обновливи енергии.

„ISH“ е водечки светски саем за дизајн на иновативни бањи, енергетско ефикасно греење, технологии за греење, еколошка климатизација, ладење и вентилација и обновливи извори на енергија, што ги опфаќа сите аспекти на идни решенија на зградите во хоризонтална и вертикална основа.

Учеството на меѓународните деловни средби е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.

Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/ish2017 најдоцна до 13.3.2017 година.

Успешното потврдување на деловните средби (директни средби/состаноци) со компаниите е предуслов за учество на овој настан.

Меѓународните деловни средби ќе се одржат на 16 март 2017 година, во Месе Франкфурт, СР Германија, сала 4 Ц-(Messe Frankfurt, Hall 4.C room Alliance, Ludwig-Erhard-Anlage 1, D-60327 Frankfurt).

Контакт лица:

Ирена Мојсовска, ЕЕН Македонија
Enterprise Europe Network Македонија
Телефон: ++ 389 2 3244 009
E-адреса: irena@mchamber.mk

Tanja Göb-Zeizinger, ЕЕН Хесен
Enterprise Europe Network Hessen
Hessen Trade & Invest GmbH
Konradinerallee 9
65189 Wiesbaden, Germany
Phone: +49 (0) 611 95017-8958
Fax:     +49 (0) 611 95017-5-8958
E-Mail:  tanja.goeb-zeizinger@htai.de
Web:    www.htai.de, www.een-hessen.de
            www.twitter.com/EEN_Hessen
Newsletter: www.htai.de/Newsletter


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Ирена Мојсовска
Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: irena@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права