24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

01.02.2018 (Инфо сесија)
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ, УНАПРЕДУВАЊЕ И КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

03.10.2017 - 04.10.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ


Дводневен семинар на тема:
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

3 и 4  октомври 2017 година (вторник и среда)
10:00 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Безбедноста на информациите и информативните системи во целина се едни од најважните теми денес. Во ера на се почести и различни видови на напади, мализиозни софтвери и ransomware, многу е тешко да се најде вистинскиот начин за одбрана.

За да ги одредите техниките и технологијата која ви е потребна за одбрана, треба да одредите што и како ве напаѓа. Она што хакерите го користат, како тие размислуваат и како доаѓаат до нас, се само дел од прашањата на кои се бара, но е тешко да се најде одговор.

На овој семинар ќе се запознаете со сите видови на напади и ќе научите техники и начини за нивна примена, се со цел на демистификацијата на хакирањето и дефинирање на начините за одбрана.

Теми кои ќе се обработуваат за време на семинарот се: ќе се разгледаат сите чекори на напад - од нулта точка до целосна контрола; ќе се објаснат сите техники за напад; ќе се демонстрираат напади и користење на алатки; ќе се дефинираат и објаснат техниките за одбраната за секој од нападите, како и деловите од тој напад.

Целна група: менаџери и вработени во служба за безбедност на информатичките системи, одговорните лица за заштита на безбедност на информации, како и сите оние кои имаат интерес за учество на семинарот.

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН
- Вовед и основни поими;
- Еволуција на хакирањето;
- Идентификација на мета (Active и Pasive Reconnaissance) ;
- Сканирање на мрежи;
- Социјален инжинеринг;
- Прислушкување;
- Хакирање на системот;
- DenialOf Service напади;
- Активности после експлоатација;
- Напредни техники за одбрана;
- Студија на случаи од пракса.

ВТОР ДЕН
- Идентификација на мета;
o Pasive Reconnaissance (OpenSource Inteligence, WhoIS, Metagoofil, GoogleHacking);
o  Active Reconnaissance (PortScanning, Footprint, Vulnerability Scanning);
o Phishing напади;
- Сканирање на мрежи;
- Социјален инжинеринг;
o Phishing напади;
- Прислушкување;
o MiTM;
o Session Hijecking;
- Хакирање на системот;
o Metasploit;
o Креирање и дистрибуција на Тројанци;
o Stealth Тројанци;
- DenialOf Service напади;
- Активности после експлоатација;
o Keylogger;
o Backdoor.

Предавачи:
- Доц. д-р Игор Франц,
раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Тој е основач и извршен директор на Агенцијата за безбедност на податоци – SECIT security consulting. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија. 
- Александар Мирковиќ, раководител на корпоративната безбедност во Opportunity банка во Србија. Работи во областа на информативна безбедноста, физичка безбедност, спречување на измамнички активности, превенција од конфликти на интереси. Тој е еден од основачите на здружението eSigurnost кое е едно од најголемите здруженија во Србија и во регионот која се занимава со теми од областа на безбедноста на информациите. Повеќе од 7 години искуство како предавач во областа на ИТ и безбедност на информации.

Работен јазик за време на семинарот: српски јазик.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 ручeк и освежување;
 сертификат за присуство на семинарот.
 
Краен рок за пријавување: 28.09.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права