НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 22.09.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (22.09.2020)
👁 Прочитано: 519


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 22.09.
22.09.1735 година, Роберт Волпол бил првиот британски премиер што се вселил во резиденцијата на „Даунинг стрит“ бр. 10, во Лондон.
22.09.1791 година, роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и хемичар.
22.09.1792 година, во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазеле дворецот во Версај и ги затвориле Луј XVI и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прогласило република.  
22.09.1862 година, Американскиот претседател Абрахам Линколн објавил декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите американски робови им се дава целосна слобода. Тоа било резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, кој барала брза и неодложна акција за ослободување на обесправените црнци.
22.09.1862 година, Ото фон Бизмарк станал канцелар на Прусија.
22.09.1933 година, во Париз почнал Светскиот младински конгрес против војната и фашизмот.  
22.09.1946 година, во НР Македонија биле одржани првите избори за Уставотворното собрание, кое потоа го донесло првиот устав на НР Македонија.  
22.09.1956 година, роден е Андреја Бочели, италијански оперски пеач.  
22.09.1979 година, родена е Дивна Пешиќ, македонска спортистка и сликарка.
22.09.1991 година, за првпат во Република Македонија бил изведен светиот чин „Опход на моштите на Свети Климент Охридски Чудотворец“ (опходот траел до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ.  
22.09.1992 година, во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија.  
22.09.1992 година, воспоставена е авиолинија Скопје - Москва.
22.09.1993 година, Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија.
Служба за информирање при Комората