20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

15.11.2017 - 15.11.2017


Конференција Нови Сад,  Србија

„ДЕН НА ДОБАВУВАЧИ 2017“ - 15.11.2017 Нови Сад, Р. Србија


 

„ДЕН НА ДОБАВУВАЧИ 2017“
Регионална конференција и билатерални средби

15 ноември  2017 година
„Мастер центар“
Нови Сад, Р. Србија

     Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Војводина и Агенцијата за развој на Војводина – РАВ, ве покануваат на овогодинешниот „Ден на добавувачи 2017“, што ќе се одржи на 15 ноември 2017 година во просториите на „Мастер центар“ во Нови Сад, Р. Србија.

     Овогодинешниот настан е предвиден да се реализира во вид на конференција проследена со билатерални средби меѓу домашни, српски компании, странски инвеститори коишто се веќе присутни на територијата на Војводина, како и странски компании коишто би имале интерес за инвестиции и соработка со регионот и тоа од областа на:
     • земјоделието;
     • автомобилската индустрија;
     • информатичко-комуникацискиот сектор;
     • производители на пластика и гума;
     • текстилната;
     • металната и метало-преработувачката индустрија.
 
     Настанот ќе се реализира во два дела, каде што во првиот дел домашните компании ќе ги презентираат своите потенцијали и можности за соработка и инвестиции, а во вториот дел сите присутни компании ќе имаат можност за билатерални средби со потенцијални партнери.

     На настанот се очекува учество на над 250 учесници, претставници на 100-те најголеми меѓународни компании од Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија, Унгарија, Германија, Романија, Словачка и Словенија. Компаниите коишто ќе ги презентираат своите планови и потреби во делот на добавувачкиот синџир се: „Ametek“, „HealthCare Europe“, „Kolektor ATS“, „Mecafor“, како и Развојната агенција на Србија (РАС) и ИКТ Кластерот на Војводина.

     Во конференцискиот дел ќе бидат опфатени следните теми:
• Трендови и насоки во развојот на индустриите – прехранбена, пластика и гума, метало-преработувачка и автомобилска индустрија;

• Како да станете добавувачи? - услови и критериуми коишто компаниите мораат да ги исполнуваат за да станат дел од добавувачкиот синџир.

     Со цел навремено организирање на билатералните средби, во прилог Ви го доставуваме и списокот на досега пријавени компании со коишто на денот на настанот ќе можете да закажете состанок и да се сретнете во даден термин.

     Учеството на претстојната конференција и на билатералните средби е бесплатно, а трошоците за патување и сместување се на товар на компаниите.

     Доколку сте заинтересирани за учество на претстојниот настан, Ве молиме да го пополните пријавниот лист и дополнителниот формулар во којшто треба да неведете со кои компании би сакале да остварите средби (во прилог), и да го доставите до лицето за контакт, најдоцна до 7.11.2017 година (вторник). 

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:
- Сања Николова телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk  

 

Во прилог:
 - Пријавен лист;
 - Список на компании.

-Формулар за Б2Б.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права