05.09.2017 (Семинар)
РАСКИНУВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ ДОГОВОРИ, УТВРДУВАЊЕ НИШТОВНОСТ, ПОНИШТУВАЊЕ НА ИСТИТЕ И ПРАВНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ КОИ ГИ СЛЕДАТ ОВИЕ ИНСТИТУТИ

06.09.2017 (Семинар)
ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

12.09.2017 (Семинар)
Дводневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ

14.09.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

18.09.2017 (Тренинг обука)
Дводневен тренинг: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

20.09.2017 (Семинар)
Советување на тема:ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

26.09.2017 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ДАНОЧНИ И УПРАВУВАЧКИ ЦЕЛИ ПО СОПСТВЕНА МЕРКА

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

28.09.2017 (Семинар)
СРЕДСТВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА (ПРЕТХОДНИ И ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ) И ЛИКВИДАЦИЈА НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

28.09.2017 (Семинар)
НОРМАТИВИ И СТАНДАРДИ ВО ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ И ЗАКОНОТ ЗА ПОЖАРНИКАРСТВО

29.09.2017 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

ЦЕФТА

Улогата на Коморите во реализирање на потенцијалните бенефити од ЦЕФТА

Регионалната мрежа на комори им обезбедува на своите фирми членки помош за влез и развој на одредени пазари. Ова е единствена понуда која во стварноста бара од коморите да направи промени во политиката и стратешкото ниво, на начин на кој ќе ги надгради своите способности. Во рамките на регионалниот Проект за развој на приватниот сектор, финансиран од Владата на Холандија, СПАРК дава подршка на бројни комори во регионот на Западен Балкан. СПАРК има намера да ја прошири својата помош на коморите со вклучување на подршка за имплементирањето на ЦЕФТА.

Целта на оваа работилница е да се дефинира улогата, стратешкото мислење и другите потреби на коморите во промовирање на регионалната трговија и на имплементацијата на ЦЕФТА. Работилницата е усмерена за потребите  на коморите од Регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Молдова, Косово, Црна Гора и Србија) како и за компаниите. Настанот ќе се гради врз основа на заклучоците од АБК Регионалната Конференција која се одржа во Будва, во ноември 2007 година, и ќе се фокусира на одговорностите кои треба да бидат прифатени од Коморите, во насока на воведување на дополнителни услуги за своите членки.

Работилницата ќе се фокусира на 3 основни активности:
         - дефинирање на улогата и стратегиското мислење на стопанските комори во промоција на регионалната трговија и имплементацијата на ЦЕФТА (коморите ќе разговараат за за нивната улога во промовирање на регионалната трговија и помошта која ја нудат на нивните членки во согледување на потенцијалните бенефити од ЦЕФТА, која е коморската улога визави другите актери како Владите, агенциите за промовирање на инвестиции, или приватните бизнис асоцијации)
         - дефинирање на потребите на коморите во реализација на нивната улога во промоција на регионалната трговија и имплементација
         - промовирање на регионалната соработка меѓу стопанските комори и страните вклучени во ЦЕФТА

Очекувани резултати од оваа работилница е зголемување на свесноста и одговорноста меѓу стопанските комори за можните улоги и стратегиски мислења кои се достапни во насока на промовирање на регионалната трговија и имплементацијата на ЦЕФТА, спогодби меѓу коморите за потребите и идните активности за изградба на нивниот капацитет во реализација на нивната улога за промовирање, вклучувајќи ја и потребата од подршка од надвор, како и зголемување на свесноста за вклучување во заеднички активности (демонстрирање на заеднички идеи, планови однапред договорени меѓу учесниците).  целосниот документ погледнете го тука

ЦЕФТА - одлична можност за зголемување на трговската размена
Централно европскиот договор за слободна трговија функционира одлично и покрај политичките проблеми. Во либерализацијата на економијата вистинско достигнување има меѓу земјите членки.
Во текот на кризата регионалната трговија не трпеше многу и може да се каже дека регионалната трговија беше многу по витална.
Треба  да се отстранат бариерите за трговија во ЦЕФТА земјите. Административните пречки, сложени, скапи и долги инспекциски процедури, заштитни мерки за увоз се само дел од проблемите. >>>

Обем на трговската размена на Република Македонија со земјите од ЦЕФТА регионот  за периодот 01-05.2012 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со ЦЕФТА земјите (Албанија, БиХ, Србија, Хрватска, Црна Гора, Косово и  Молдавија) во периодот јануари – мај 2012 година достигна вредност од 675.877 илјади САД$, што претставува пад од 12,7%, споредено со истиот период минатата година. >>>

 



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Билјана Пеева-Ѓуриќ
Тел: ++ 389 2 3244034 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: biljana@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права