24.04.2017 (Бизнис средби)
„Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

26.04.2017 (Конференција)
Регионалната конференција: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ“

27.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИТ-РЕВИЗИЈА

27.04.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.04.2017 (Семинар)
ОСНОВИ НА КОНТРОЛИНГОТ ВО ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема:Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Награда на Комората

Коморска награда

Стопанската комора на Македонија, традиционално, по повод Денот на Комората 18-ти февруари,  доделува награди и признанија на Стопанската комора на Македонија . Согласно Правилникот за условите и начинот на доделувањето на награди и признанија на Стопанската комора на Македонија наградата се доделува на:

* трговски друштва - членки на Комората, од областа на стопанството за постигнати резултати во зголемувањето на производството, продуктивноста, економичноста во работењето и заштита на животната средина, најмалку три години едноподруго;

* менаџери за постигнати особени резултати во унапредувањето на организацијата на работењето, производството, прометот и услугите, најмалку три години едноподруго;

* инвеститори за постигнати резултати во зголемување на производството, поттикнување на економијата и воведување на нови технологии и нови технички достигнувања, во последната година;

* трговци поединци за постигнување на посебни резултати во давањето на трговски услуги во последната година;

* трговски друштва за најдобра веб страна според функционалност, корисност, креативност и дизајн во последната година.

Иницијатива за доделување на наградите и признанијата можат да покренат органите, телата и облиците на организирање и работење на Стопанската комора на Македонија, трговски друштва и стручни здруженија.

Предлозите со образложение се доставуваат до Стопанската комора на Македонија, ул. “Димитрие Чуповски” бр. 13 - Скопје, каде може да се добие и формулар за аплицирање, како и пооделните критериуми за условите и начинот на доделување на наградите и признанијата на Комората, по дејности, предложни од здруженијата и асоцијациите во рамките на Стопанската комора на Македонија, а прифатени од Одборот за награди и признанија.

Одлуки и Регистар на добитници

МАКИНОВА

МАКИНОВА, како традиционална   интернационална изложба на пронајдоци, технички унапредувања, иновации, иновирани и нови производи И творештво на млади , се одржува традиционално секоја година во рамките на “Технома “ на Скопсиот саем во Скопје,во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Република Македонија СПАТУМ, Министерството за образование и наука на Република Македонија, Министерството за економија- Биро за заштита на индустриска сопственост на Република Македонија,

Стопанската комора на Македонија, Синдикатот на металците, енергетичарите и рударите на Македонија и Скопскиот саем. Традиционално секоја година  за најуспешните иновации на “Макинова” се  доделуваат награди и признанија, плакети, повеќе парични награди, а највисоката награда Гран При (Преодниот пехар на Организациониот одбор) традиционално секоја година  ја доделува Стопанската комора на Македонија.

          

 



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Венера Андриевска
Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: venera@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права