25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

Бизнис-настани

16.10.2018 - 18.10.2018


Форум Белград,  Србија

БИЗНИС ФОРУМ - МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА НА РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН СО НОРДИСКИТЕ ЗЕМЈИ


Коморскиот инвестициски форум и Нордиската бизнис алијанса во соработка со амбасадата на Данска, амбасадата на Финска и амбасадата на Шведска, во рамките на проектот „Европска мрежа за бизнис можности“ со задоволство Ве покануваат на бизнис форум на тема : МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА НА РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН СО НОРДИСКИТЕ ЗЕМЈИ.
16-18 октомври, 2018 година
Стопанска комора на Србија
Ул. Ресаваска бр. 15, Белград

Учесниците на форумот и претставниците на компаниите од земјите од регионот на Западен Балкан ќе имаат можност да се информираат за нордиската деловна култура, примери и придобивки од спроведувањето на нивниот деловен пристап, како и да идентификуваат потенцијални области за соработка со нордиските инвеститори во Србија, како и со претставници на стопанската делегација од нордиските земји кои ќе учествуваат на форумот.

Главната цел на форумот е да ги поврзе локалните бизнисмени преку билатерални разговори со соговорниците од соодветните сектори, претставување на можностите на нивните компании и производи и воспоставување на идна соработка.

Работен јазик на настанот е англиски јазик.

Форумите се поделени по денови со цел да се обезбеди поголема вклученост на секоја земја од нордискиот пазар, а првиот форум ќе се одржи на 16 октомври, 2018 година каде ќе учествуваат претставниците од регионот на Западен Балкан и бизнисмените од Шведска. Економскиот форум што ќе се одржи на 17 октомври, 2018 година ќе вклучува претставници од регионот од Западен Балкан и бизнисмени од Данска, додека пак форумот на 18 октомври, 2018 година е резервиран за бизнисмени од Западен Балкан и Финска. 

Регистрацијата за настанот ќе се одвива преку следниот линк: http://nordiccountriesweek2018.talkb2b.net/  .

Рокот за регистрација за компаниите од Западен Балкан е 8 октомври, а комуникацијата на бизнис средбите ќе се одвива на англиски јазик.

Лице за контакт: Влатко Стојановски, тел. 3244-004, е-мејл: vlatko@mchamber.mk .


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Влатко Стојановски
Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: vlatko@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права