28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Прашања - одговори

1. Почитувани, Би сакал да Ве замолам за појаснување на одлука за членарина. Колку изнесува членарината која фирмите членки треба да ги плаќаат. И во кој интервал чланарината. Кои се дополнителни обврски на фирмите членки на Комората. Со почит, Зоран

Почитуван г-не,

Членството во Комората се одредува врз основа на Одлука на Собранието на Стопанската комора (Одлука).
Интервалот на плаќањето на членарината е месечно, или според договор може да биде и на подолги интервали (на неколку месеци итн).
Фирмата-членка може да учествува во работата на телата на Комората, а притоа добива повеќе бенефиции (линк).



2. Дали организирате презентации за одредена IT фирма од странство, која сака да ги презентира своите решенија пред преставници на компании од Македонија, со цел на пронаоѓање потенцијални купувачи на истите?

Да, во Комората може да се организира презентација по барање на македонските или странските компании, со претходно договарање околу начинот како тоа ќе биде изведено.
За повеќе информации може да се обратите до вработенито задолжен за изнајмување на сали, опрема за презентации и друга логистичка опрема
Домника Шапчевска, админ. референт
тел: +389 (02) 3244066
E-mail: domnika@mchamber.mk



3. Дали Стопанската комора на Македонија е овластена за издавање на баркодови. Поздрав

Почитувани,

Издавање, едвиденција и контрола на баркодови во Република Македонија го врши GS1 Македонија (http://www.gs1mk.org.mk). Само таа институција е со дозвола за оваа работа, и таа е овластена од светската организација GS1.

Стопанската комора беше основач на GS1 Македонија, откако во 2010 година оваа институција премина во самостојно функционирање.



4. Кои се обврските на членовите на Стопанската комора на Македонија? Љупчо Карајли, Охрид
Почитуван г-не Карајли,
           Обврските на фирмите-членки на Стопанската комора на Македонија произлегуваат од самиот Статут на Стопанската комора, кој е усвоен од страна на Собранието на Комората. Во истиот се дадени правата на фирмите-ленки, кои се многу повеќе, од самите обврски на фирмите-членки.
Накратко, обврските на фирмите-членки се следните две:
           * во своето делување во рамките на коморската организираност и активности да се придржуваат кон одредбите на овој статут,општите акти и одлуките на органите и на облиците на организирање и работење во рамките на Комората;
           * да учествуваат во обезбедувањето средства за остварување на задачите на Комората,
согласно потребите утврдени со програмите и одлуките на органите и на облиците на организирање и работење во рамките на Комората.
            Поточно, истите се однесуваат на обврските на фирмите во функционирањето и работењето на Комората (учество во работата на телата и органите на Комотата), како и обезбедување на финансиски средства за функционирање на Комората (членарина, користење на услугите кои ги создава Комората за своите членки).


5. Почитувани, Ме интересира дали може да се добие терк по кој може да изработиме и да понудиме наша инвестициона програма. Банките во нашата држава одобруваат кредити на заинтересирани само ако имаме изработено квалитетни бизнис програми. Се надевам на разбирање и помош, Со почит, Љубен Бошковски

Почитуван г-не,
Стопанската комора на Македонија, како асоцијација на компаниите, по иницијатива на консултантските фирми од Македонија, има формирано Групација за деловно-консултантски менаџмент. При оваа групација можете да се обратите до фирмите-членки и притоа да добиете помош и стручна анализа за можните бизнис-планови на Вашата компанија, како и помош во изработка на истите. Повеќе контакти можете да добете при директорката Јадранка Аризанковска, тел: (02) 3244038.



6. Дали може да се добие сертификат за потекло на стоката (Origin, FormA) во регионалните канцеларии на Стопанската комора на Македонија?

Почитувани,
Ве информираме дека Регионалните канцеларии со седиште во Битола, Прилеп и Кочани, имаат дозвола за да издаваат сертификати за потекло на стоката (конкретно Origin & FormA). Процедурата за издавање на сертификатот е иста како и во Скопје, а повеќе детали има на веб-порталот на следната адреса: http://www.mchamber.mk/default.aspx?lId=1&mId=49



7. Ме интересира дали Стопанската комора на Македонија може да издаде Сертификат за потекло на стоката („Certificate of Origin„) и кој се условите за овој сертификат да се добие. Се работи за стока - електроника што се произведува во РМ , а е наменета за Киргистан. Инаку ино-партнерот го бара овој докумнт како еден од условите за да ја прифати пратката. Со почит, Јован Џалев, ген.менаџер Интера Плус, Гевгелија

Почитуван г-не Џалев,

Стопанската комора на Македонија ги издава документите Certificate of Origin, и конкретно за Вашето барање можете да се обратите до Јагода Дабевска, тел: (02) 3244073, e-mail: jagoda@mchamber.mk, или до Лазе Ангелевски, тел: (02) 3244090, email: laze@mchamber.mk.

Исто така повеќе информации можете да добиете на следниот линк: http://www.mchamber.mk/default.aspx?lId=1&mId=49



8. Се прашував дали би можеле да ме информирате дали е потребен ATA Carnet за транзит преку Србија и Хрватска. Настапуваме со музичка група на фестивал во Бања Лука, Босна и Херцеговина. До таму ќе патуваме со автобус преку Србија и Хрватска и ќе носиме музички инструменти. Дали е потребен ATA Carnet за истите? Се надевам на вашиот навремен одговор.

Почитуван г-дине Никола,

АТА-карнет Ви е потребен за секој привремен извоз од Македонија, заради евиденција на царинската контрола дека инструментите се привремено извезени од Македонија и повторно, во истата состојба ќе бидат вратени назад во Македонија. Исто така, бидејќи патувате со автобус, ќе Ви бидат обезбедени листови за транзит преку Србија и Хрватска.

Ве поканувам да дојдете во Комората, на мезанинот во Вашата бизнис Канцеларија. Се што е потребно во врска со документите ќе Ви биде објаснето.



9. Ме интересира дали и како оди добивањето на легитимација за контролор во превозот на патниот сообраќај. Претходно бев упатен да се обратам во Стопанската комора на Македонија за ова прашање. Ви благодарам !

Проблематиката во врска со инспекцискиот надзор во патниот сообраќај е регулирана со Законот за превоз во патниот сообраќај (Сл. Весник на РМ бр. 68/2004 и 127/20070). Согласно член 87 од Законот, Инспекцискиот надзор го врши Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт и врски, преку државни инспектори за патен сообраќај. Инспекцискиот надзор на ниво на општина го вршат овластени инспектори за патен сообраќај на општините, односно на Градот Скопје. За државен инспектор, како и за овластени инспектори на ниво на општина, однсно на Градот Скопје, може да се назначи дипломиран сообраќаен инжинер со најмалку две години работно искуство во струката.

Поконкретни одговори во врска со оваа проблематика може да се добијат во Државниот инспекторат за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски (www.mtc.gov.mk)



10. Што е потребно за добивање на АТА карнет?

АТА-карнетот може да се користи практично за сите стоки наменети за лична или професионална употреба, особено за трговски мостри, стручна опрема, саемски и изложбени експонати.
Со помош на АТА-карнет привремено се увезува стока за широка потрошувачка: компјутери, алати, камери, видео и канцелариска опрема, облека, слики, ласери, индустриски и земјоделски машини и алати и сл...   



11. Што претставува Арбитражата при Стопанската комора на Македонија?

При Стопанската комора на Македонија постои Постојан избран суд - Арбитража, како независен орган, кој може да решава за меѓусебните деловни спорови меѓу членовите на Комората, меѓу членови на Комората и трети лица, како и меѓу други правни лица од земјата и странство, ако странките ја договорат надлежноста на овој суд.

Одлуките на Постојаниот избран суд - Арбитража се конечни и имаат сила на правосилна пресуда.

Постојаниот избран суд - Арбитражата ги донесува одлуките во многу побрза постапка отколку што тоа е можно во постапка пред редовните (државните) судови.

Постојаниот избран суд - Арбитража може да посредува и за спогодбено решавање на споровите што произлегле од деловните односи меѓу странките(медијација).

За договарање на надлежноста на Арбитражата за решавање на евентуалните спорови меѓу деловните партнери, се препорачува во договорите да се внесува следнава клаузула:

"Сите спорови кои ке произлезат од овој договор или во врска со него, вклучувајќи ги споровите за неговото толкување или полноважност, ќе се решаваат спогодбено.Ако спорот не може да се реши спогодбено, истиот ќе се решава пред Постојаниот избран суд- Арбитража при Стопанската комора на Македонија, во согласност со одредбите на Правилникот на Постојаниот избран суд- Арбитража."



12. Што потребно за да се добие дозвола или сертификат за лица за обезбедување на простории, луѓе и друго и каде може да се обратиме?

Регистрација на трговска марка се врши во Државниот завод за индустриска сопственост. Јас препорачувам заштитата на трговската марка да ја извршите преку овластен застапник за заштита на права од индустриска сопственост. Во  Државниот завод за индустриска сопственост можете да побарате листа на овластени застапници за заштита на права од индустриска сопственост и да одберете едно од наведените лица. Доколку сакате сами тоа да го сторите, обратете се во Заводот да Ве информираат кои документи се потребни, а можете да се информирате и од веб-страницата на Заводот која е дадена подолу.

За започнување на постапката се поднесува пријава за заштита на трговската марка која содржи:

  1. барање за признавање на правото на трговска марка на образец ДЗИС-ТМ1 на А4 формат, во три примероци;
  2. изглед на знакот за кој се бара заштита во три примероци;
  3. список на производи и услуги за кои се бара заштита согласно Договорот од Ница за меѓународна класификација на производи и услуги за регистрирање на трговски марки (во натамошниот текст: Меѓународна класификација), во три примероци.

Други состојки и прилози кон пријавата

  1. општ акт за колективна трговска марка, односно правила за користење на сертификатна трговска марка, ако пријавата се поднесува за колективна, односно за сертификатна трговска марка;
  2. овластување на застапникот, ако пријавата се поднесува преку застапник
    доказ за правото на првенство, согласно членовите 134 и 135 од Законот, ако е побарано;
  3. доказ за платена такса


Податоци за контакт на Државниот завод за индустриска сопственост:

Ул. Вељко Влаховиќ 11 , 1000 Скопје
тел: 389 2 3116 379
факс: 389 2 3137 149
Web: www.ippo.gov.mk



13. Дали може да добијам подетални информации околу верификација на дипломите од високото образование?

Стопанската комора на Македонија нема надлежности за верификација на дипломи за високото образование.

Надлежна институција за наведените дипломи и нивна верификација (нострификација) е Министерството за образование, каде постои служба за нострификација на дипломите за високото образование.




Испратете прашање


Вашата e-mail адреса
Име
Презиме
Контакт телефон
Прашање
Област на која се однесува прашањето












 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права