24.04.2017 (Бизнис средби)
„Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

26.04.2017 (Конференција)
Регионалната конференција: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ“

27.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИТ-РЕВИЗИЈА

27.04.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.04.2017 (Семинар)
ОСНОВИ НА КОНТРОЛИНГОТ ВО ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема:Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

23.05.2017 - 23.05.2017


Тренинг обука Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР


Тренинг-програма во соработка со  Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI

МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

23 - 25.5.2017 година.
7- 9.6.2017 година

9:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Краен рок за пријавување: 8.5.2017 година

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, ја организираат третата по ред Тренинг-програма на тема: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР.
Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект.
Програмата се состои од 6 дена обука од странски предавачи во Стопанската комора на Македонија (2 поединечни модула, секој во времетраење од 3 дена) и 3 дена студиски престој во Виена, Австрија. По завршување на обуката која се одржува во Стопанската комора на Македонија следува тестирање на теоретскиот дел. Учесниците кои успешно ќе го поминат тестот и кои ќе остварат 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора.
Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици.

Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции.

Цели на програмата:
-надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет;
-можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании;
-искуство од странски експерти;
-можност за соработка со австриски компании;
-меѓународно признат WIFI сертификат.

ПРОГРАМА:
Модул 1: Меѓународен маркетинг и менаџирање со извоз 
Период на одржување: 23 - 25.5.2017 година.

Предавач: Асетила Костингер, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години интернационално работно искуство како консултант и предавач за меѓународен бизнис развој. Експерт за конкурентност и развој на приватниот сектор, со долгогодишно искуство во спроведување на проценка на пазарот и истражувања наменети за компаниите. Работно искуство во проектно работење како консултант за аплицирање на проекти од европските програми (Horizon 2020, SME’s instrument, IPA etc.). Дел од портфолиото со референци од: Дунавскиот Универзитет во Кремс, Австрија; Центар за новинарство и комуникација, Кремс, Австрија; Авангарда ГмбХ, Виена, Австрија; Комората за трговија и индустрија на Тирана,  Албанија; Gulliver Ok Travel, Тирана, Албанија, Iceberg Communication, Тирана, Албанија; Gruppo Edile Koni srl, Милано, Италија; ERFEBA-ASIA Ltd. Хонг Конг; Ankey Consulting and Trade, Анкара, Турција; IMC, Кремс, Австрија; MCI Инсбрук, Австрија; Јилдирим Бајазит Универзитетот во Анкара, Турција; WIFI IKT, Виена, Австрија; Министерството за туризам на Албанија, UCCIAL Сојуз на индустриски стопански комори на Албанија, Österreichischer Städtebund; Akademie Westerham во Feldkirchen-Westerham Германија, EUROCHAMBRЕS, Брисел; Европскиот универзитет во Тирана; FH Бургенланд, Австрија.

Работен јазик на обуката: англиски јазик, со обезбеден превод.

Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање
Период на одржување: 7 - 9.6.2017 година.

Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 16 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., Сојузот на стопански комори во Бања Лука, Босна и Херцеговина, Leoni Wiring Systems Southeast, Институтот за одржливи заедници и Програмата за граѓанско општество (CSF) и други.

Работен јазик на обуката: српски јазик.

http://www.mchamber.mk//upload/WIFI%203.jpghttp://www.mchamber.mk//upload/WIFI%203.jpg

 Фотографија од првата група за време на деловните средби во Виена

 Фотографија од втората група од обуката за време на теоретскиот дел


 Коментари и препораки на дел од учесниците на тренинг-програмата:

http://www.mchamber.mk//upload/WIFI%203.jpg„Исклучителни личности за обучувачи, кои познатите теми ни ги претставија од еден друг, поинтересен агол, преку инспиративни практични примери кои се применливи во секојдневното работење. Моите впечатоци за целата обука WIFI: „GO - INTERNATIONAL“ се апсолутно позитивни.“ (Татјана Иваноска Филиповска, „Алкалоид“ АД – Скопје) 


http://www.mchamber.mk//upload/WIFI%203.jpg„Ми беше чест и задоволство да бидам дел од тренинг програмата WIFI: „GO – INTERNATIONAL”, а посебно затоа што ова е прв пат овој тип на обуки да се организираат кај нас. Подготвеноста на македонските компании да излезат на светскиот пазар сметам дека беше препознаена во вистински момент од страна на Комората. 
И покрај тоа што мојата работа и компаниски напредок континуирано бара посета на настани од областа на развој на компанискиот и личен менаџмент, оваа обука претставува императив на се што досега сум присуствувала. Начинот на кој што беше организирана обуката, темите кои што се разработуваа и посветеноста на тренерите кон подобрување на личните перформанси за индиректно подобрување на компанискиот менаџмент се за највисока пофалба. Од најголемо значење ќе го истакнам трансферот на знаење и искуство со правилен пристап за подготовка на компаниско портфолио, истражување на пазар и дефинирање на компаниските специфики при изнаоѓање на најквалитетни и сродни партнери за развој и раст на компанијата на европскиот пазар.
Сметам дека целта на оваа обука е остварена и комплетно искористена преку воспоставување на успешни и продуктивни средби со компании од Австрија, со цел да се засили и подобри билатералната соработка помеѓу двете земји“.
(Валентина Иваноска, „Дуна компјутери“- Скопје)


Котизацијата за тренинг-програмата со WIFI изнесува 36.900 денари + ДДВ и истата вклучува:
-обука за програмата во времетраење од 6 дена (2 модулa x 3 дена) и  тридневен престој во Виена, Австрија;
-хотелско сместување во двокреветни соби во Виена;
-превоз аеродром – хотел – аеродром;
-преведувач за време на обуката и за време на престојот во Виена;
-работни материјали;
-организација и присуство на бизнис форум и индивидуални термини за учесниците во Австија;
-организирана свечена вечера во Виена и доделување на WIFI сертификати.

*Во котизацијата не е вклучен превозот Скопје – Виена – Скопје.

*Напомена: Потребен број на учесници за реализација на обуките: 15 – 20 лица. Обуката нема да се реализира доколку не е формирана група од минимум 15 учесници. Ве молиме, да се има предвид дека согласно Меморандумот за соработка со WIFI International, Стопанската комора на Македонија не е во можност да прими пријави по истекот на крајниот рок. Истиот рок се однесува и на уплатите за котизација за обуката.

Во  прилог:


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Ивона Каранфиловска
Тел: ++ 389 2 3244084
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права