Бизнис-настани

11.12.2018 - 11.12.2018


Форум Скопје,  Македонија

ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ



ФОРУМ НА ТЕМА:
СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И
ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА

11 декември 2018 година, 10:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


     Почитувани,

     Стопанската комора на Македонија, ве поканува да бидете дел од претстојниот Форум на тема: СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И  ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА.

     На Форумот ќе присуствуваат претставници на бизнис заедницата, владини претставници, како и домашни и странски експерти кои ќе ги споделат своите искуства и ќе дадат предлози за развивање на секторот за туризам и угостителство. На крајот на Форумот предвиден е дел на кој ќе се зборува за усогласеност на компаниите со законската регулатива во Република Македонија.

     Целта на Форумот е да се отвори дискусија за фактичката состојба на секторот за туризам и угостителство во Македонија, како и негово развивање и поддршкa од страна на државата преку креирање на нови туристички производи, услуги и алатки со цел да ја направат Македонија атрактивна туристичка дестинација.

     Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Форумот ќе се одржи на 11 декември 2018 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на  Македонија, сала 4 на  5-ти кат.

    За таа цел, ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до 10  декември 2018 година (понеделник), кај лицето за контакт: Белинда Миновска телефон: 02 3244 036, е-адреса: belinda@mchamber.mk.

Во прилог е Агендата за настанот.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Белинда Миновска
Тел: ++ 389 2 3244036
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: belinda@mchamber.mk

Контакт: Ивана Крстевска
Тел: ++ 389 2 3244051
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivana@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права