20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

31.07.2017


Актуелно  

УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ОСИГУРИТЕЛНИТЕ КОМПАНИИ И РЕЛЕВАНТНИТЕ МИНИСТЕРСТВА ЗА РАЗВОЈ НА СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА КАЈ ВОЗАЧИТЕ


На 28 јули 2017 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа работна средба на компаниите-членки на Здружението на осигурување при Стопанската комора на Македонија и г-ѓа Лилјана Шеќеринска, виш специјалист за транспорт при Светската банка во Република Македонија.

Пред присутните г-ѓа Шекеринска ги презентираше целите на Светската банка за зголемување на безбедноста на патиштата во Република Македонија и токму во таа насока беше презентирана иницијативата за изработка на структура за управување со безбедноста на патиштата во Македонија која ќе биде во согласност со најдобрите практики за воведување на систем за безбедност. Целта на таквиот систем е да обезбеди систематски, мултисекторски и резултатски ориентиран пристап насочен кон безбедноста на патиштата, кој ќе помогне да се повратат негативните трендови во безбедноста на патиштата, а со цел намалување на бројот на жртви во сообраќајните незгоди до 2020 година до просечниот број на жртви во европските земји – нагласи г-ѓа Шекеринска.

Од страна на претставниците на осигурителниот сектор беше презентирана ситуацијата на пазарот алудирајќи на фактот дека и досегашните инвестиции во инфраструктурата не придонеле бројот на незгоди и на жртви да биде намален, а просечната старост на возилата од 15 години само по себе говори за состојбата на пазарот која ја карактеризира стариот возен парк. Од страна на г-ѓа Весна Ѓорчева, потпретседател на Здружението на осигурување при Стопанската комора на Македонија беше додадено  дека соработката со релевантните институции е од особена важност за да се допринесе за подигање на свеста на сите учесници во сообраќајот преку кампањи од едукативно-информативен карактер земајќи ги во предвид фактите дека младите возачи се најмногу застапени во сообраќајните прекршоци и користењето на мобилните телефони како главен чинител во многу сообраќајни незгоди. Исто така беше нагласено дека како во рамки на Здружението на осигурување, така и индивидуално од страна на осигурителните компании се превземаат и поддржуваат активности кои имаат едукативен карактер.

Од Здружението беше презентирано дека на годишно ниво, од неосигураните и нерегистрирани возила настанува штета од 2 милиони евра,  истата паѓа на товар на осигурителните компании и оттука се бара поголема вклученост на сите чинители со цел унапредување на интегрираниот централен систем и поголема ажурност на податоците.

На состанокот се заклучи дека е потребно постојано унапредување на соработката како помеѓу осигурителните компании, така и со релевантните министерства  како би се развила сообраќајната култура кај возачите, а со тоа би се обезбедило приближување до европските параметри за безбедност при сообраќајот.

Михајло Донев











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права