20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

14.11.2017


Актуелно  

ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРОГРАМИТЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ОТВОРАЊЕ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА - КОМПОНЕНТИ ДИЗАЈНИРАНИ ЗА БИЗНИС СЕКТОРОТ


Во соработка со Министерството за труд и социјална политика, УНДП и Агенцијата за вработување на Република Македонија, во Стопанската комора на Македонија (14.11.2017 година) се одржа презентација на можностите за финансиска поддршка за отворање нови работни места преку мерките и програмите дизајнирани за бизнис секторот, во рамките на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување.

 

„Еден од проблемите што го идентификувавме во текот на изминатите години, а којшто економските субјекти го потенцираат, е проблемот со  недостиг на квалификувана работна сила и нејзиното бавно адаптирање на работните задачи и процеси. Во бројните средби и спроведени анкети, идентификувано е дека недостасуваат определени образовни профили, недостасуваат практично искуство и определени вештини и компетенции кај лицата кои бараат да влезат во работен процес. Верувам дека оваа програма ќе придонесе за подобрување на состојбата на пазарот на трудот, а Стопанската комора на Македонија со своите регионални канцеларии низ Република Македонија останува да биде поддршка на компаниите на ваквите иницијативи на национално и на регионално ниво“, - истакна м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека мерките се однесуваат на унапредување на можностите за работа во мали и средни претпријатија и купување опрема, како и поддршка за вработување млади лица до 29 години. Многу е важно овие мерки да бидат промовирани директно пред стопанствениците зашто само така можеме да оствариме комуникација и да видиме дали тие имаат одредени задршки за да аплицираат за нив.

Постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон смета дека оваа средба е важна за да се разменат мислења за тоа како да се надмине предизвикот со недостиг на квалификувана сила која бизнис секторот не може да ја обезбеди за да ја изврши својата работа, во услови на, како што рече, висока невработеност во земјата.

Пред присутните беше презентирана Програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија преку компонентата за финансиска и советодавна поддршка за раст, како и мерката Обука за задоволување на локалните потреби од квалификувана работна сила. Во зависност од мерката можност да аплицираат имаат микро, малите, средни, како и големите компании.

Стопанската комора на Македонија преку своите регионални канцеларии претставува поддршка на заинтересираните компании да ги искористат бенефитите од презентираните мерки.

м-р Борис Тримчев











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права