19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ 21.02.2019 (Семинар) НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ 22.02.2019 (Семинар) Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ - 25.02.2019 (Работилница) Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет 26.02.2019 (Семинар) УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО 26.02.2019 (Семинар) ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ 27.02.2019 (Тренинг обука) ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА 28.02.2019 (Семинар) ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ 03.03.2019 (Советување) ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО 12.03.2019 (Семинар) НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ 15.03.2019 (Академија) АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY- 21.03.2019 (Семинар) УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“ 01.04.2019 (Бизнис средби) БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА 11.04.2019 (Бизнис средби) Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија |
|||||||
Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина14.01.2019Актуелно ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА ПРЕХРАНБЕНАТА, МЕТАЛНАТА И ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈАТА И ОГРАНИЧУВАЧКИТЕ ФАКТОРИ ЗА НИВНИОТ РАЗВОЈСпоред податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство за периодот јануари – ноември 2018 година споредено со истиот период од 2017 година евидентира пораст од 5,2%. Според движењата по сектори, евидентиран е раст на преработувачката индустрија од 6,5%. Снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има раст од 0,7%, а рударството пад од 2%. Од особено значење е фактот дека во вкупното индустриско производство на РМ, што бележи раст од 6,5%, преработувачката индустрија учествува со 81,3 %. За периодот од 11 месеци во 2018 година наспроти истиот лани, од вкупно 23 дејности, во 15 е остварен раст, а опаѓање кај 8 дејности, информира Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.
Пораст во секторот на преработувачката индустрија во периодот јануари – ноември 2018 година, споредено со истиот период лани, е забележан во повеќе дејности со значајно структурно учество во вкупната преработувачка индустрија, како што се производството на машини и уреди, прехранбени производи, моторни возила, приколки и полуприколки, производство на електрична опрема, метали. Согласно статистичките податоци, може да се сублимира дека Република Македонија како мала и суровински зависна економија, во отсуство на современа технолошка структура во нашата индустрија, со директна и индиректна зависност од реализацијата на јавните набавки и капиталните инвестиции, а во услови на позитивни движења на меѓународниот пазар, каде продажните цени всушност и се повисоки во однос на лани, даде доста поволни резултати во однос на физичкиот обем на производството, извозот и намалувањето на невработеноста. Анализирајќи ги деловните тенденции, индикаторите се поволни, како од аспект на довербата, обезбеденост на производството со нарачки, очекувањата за обемот на производство, како и за економската состојба на деловните субјекти. Сепак, при преглед на период од неколку години наназад, просекот на искористувањето на деловните субјекти во преработувачката индустрија не надминал 70%. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 28,6 %, недоволната домашна побарувачка со 16,2 %, недоволната странска побарувачка со 15,7%. -Со цел да се одговори на барањата на бизнис заедницата, Стопанската комора на Македонија пристапи кон идентификување на тековните потреби на компаниите во рамките на секторите од аспект на бројот на работници и соодветни квалификации, во насока на адресирање на моменталниот работен потенцијал со кој располага земјата по одделни региони со цел да се поврзе тековната побарувачка со понудата на пазарот на трудот. За дефинирање на потребните занимања, профили, квалификации и знаења се пристапува преку детално проучување на производната и извозната структура, како и идентификување на развојните потенцијали на одредените потсектори и производи, - посочи м-р Борис Тримчев од Стопанската комора на Македонија. Во таа насока, Комората континуирано ги подготвува споменатите анализи на пазарот, првично од страна на побарувачката на квалификации и вештини искажани преку потребите на компаниите. Особен акцент се става на потенцијалната работна сила која доправа ќе се вклучи на пазарот на трудот. Имено, интересот на средношколците е се` помал за техничките и стручните средни училишта, а најголем дел од завршените средношколци денес го продолжуваат своето образование без да имаат интерес да се вклучат во работните процеси. Ова повлекува неколку проблеми. Прво, се намалува работниот потенцијал во економијата поради интересот на средношколците да се запишат на факултет. Второ, завршените средношколци излегуваат без потребните знаења затоа што поголем дел од нив завршуваат општа гимназија. Трето, тие средношколци што завршуваат во техничките стручни училишта немаат доволно практично знаење и вештини затоа што најчесто учат по наставни програми кои не се усогласени со потребите на пазарот на труд и со барањата на самите компании. -Потребата од воведување дуално образование на кое ќе биде базирано средното стручно образование е повеќе од неопходна, - констатира Тримчев. Неопходни се промени во Законот за средно образование со цел да се создаде простор за имплементирање на концептот на дуално образование што треба да овозможи зголемување на практичната вредност на знаење што учениците во средните стручни училишта ќе го стекнуваат во насока на исполнување на сегашните и идните потреби на компаниите. Стопанската комора на Македонија во секторските анализи ги констатира следните предизвици значајни од аспект на проблемот со недостиг на квалификувана работна сила:
За таа цел се препорачува:
Даниела Михајловска Василевска ![]() ![]()
![]()
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права
|