ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА НА ГРУПАЦИЈАТА ЗА АГРЕГАТИ, БЕТОНИ И АСФАЛТИ

   

АКТУЕЛНО / 15.07.2019
👁 Прочитано: 1256


ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА НА ГРУПАЦИЈАТА ЗА АГРЕГАТИ, БЕТОНИ И АСФАЛТИ

Групацијата за агрегати, бетони и асфалти на 15.7.2019 година одржа работна средба со претставници на Институтот за стандардизација на РСМ, на која се дискутираше за тековните активности и соработката на Групацијата со Работната група во рамки на новоформираниот Технички комитет 43 – Материјали, опрема и сигнализацијa за патишта.

Целта на работната средба беше да се отвори дискусија во врска со донесувањето на стандардизациските документи од областа на битуменските мешавини (асфалти) и да се дефинираат насоките за работа и документационата основа за подготовка на стандардизациските документи од страна на Работната група во рамки на ТК 43 во која меѓу другите, ќе членуваат претставници и експерти од компаниите - членки на Групацијата.

ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА НА ГРУПАЦИЈАТА ЗА АГРЕГАТИ, БЕТОНИ И АСФАЛТИ

Доуредувањето на материјата од областа на асфалтите е од особен интерес за градежните компании, со цел подигнување на квалитетот во инфраструктурата и градежништвото, а подготовката на стандардизациски документи во однос на наведената проблематика произлезе како потреба од дискусиите и заклучоците на одржаните средби и едукативни настани на Групацијата во текот на изминатиот период.

Нена Николовска