ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА



Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка, се предлага:

- проширување на опфатот на видовите на организации кои се од непрофитен карактер и кои не се обврзници за данокот на добивка, освен кога истите, покрај нивното непрофитно делување остваруваат приходи од вршење стопанска дејност односно ја загрозуваат конкуренцијата. Во тој случај, тие ќе станат обврзници за пресметување и плаќање на данокот на вкупен приход, но само за приходите од вршење стопанска дејност односно ќе имаат обврска да платат данок во висина од 1% од износот на остварениот вкупен приход од стопанска дејност кој надминува 1 милион денари;

- допрецизирање на непризнаените расходи за даночни цели, односно пропишување дека таков третман ќе имаат надоместоците на трошоците за хотелско сместување во износ над 6.000 денари дневно по лице и надоместоците на трошоци за превоз на лица кои не се вработени кај исплатувачот, а се ангажирани во функција на дејноста на исплатувачот, доколку истите не се документирани и  надоместокот за практикантска работа над износите пропишани согласно Законот за практиканство, како и  надоместокот за практична обука на ученици и практична настава на студенти во висина над 8.000 денари месечно;

- продолжување на рокот за поднесување на извештај за трансферни цени, односно наместо даночните обврзници истиот да го поднесат заедно со даночниот биланс до 28 февруари/15 март во годината, тоа да го сторат најдоцна до 30 септември;

- проширување на опфатотот на правни лица кои нема да имаат обврска да поднесуват извештај за трансферни цени;

- уредување на правото на даночен кредит за определени непризнати расходи односно правото на намалување на даночната основа за износот на трошоците за кои во претходниот даночен период е извршено зголемување на даночната основа поради примената на амортизациони стапки утврдени со номенклатурата на средствата за амортизација;

- допрецизирање на одредбите кои го уредуваат користењето на правото за намалување на пресметаниот данок на добивка за дадените донации во спортот, во случај на користење на правото на даночно поттикнување кај данокот на добивка согласно со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности;

- усогласување на прекршочните одредби со новиот Закон за прекршоците; и

- уредување на даночниот третман на пренесувањето на ревалоризационите вишоци во акумулираната добивка.


Контакт лице: Љупка Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје