ПРЕДЛОГ- ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ КОМУНИКАЦИИ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА



Со член 1 од Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации се регулира прашањето во однос на влијанието на јавноста врз работата на Агенцијата, во однос на оние прашања кои се однесуваат на законските обврски на Агенцијата. Имено, имајќи предвид дека намената на одредени средства на Агенцијата е веќе утврдена со закон, се смета дека е обезбеден соодветен механизам за влијанието на јавноста.

Со член 2 и член 3 се допрецизира начинот на пренос на средствата од надоместоците кои операторите ги плаќаат за надзор на пазарот и од надоместоците за користење на радиофреквенции од АЕК кон ОТА.
Со член 4 се обезбедуваат услови за формирање на НКБК, чија функција ќе биде имплементација на Националниот оперативен бродбенд план и развој на бродбенд мрежи. 
Со член 5 се обезбедуваат основи за имплементација на директивите за „Роаминг како дома“ – Roam like at home во националното законодавство.
Со член 6 се определува рокот за префрлање на средствата остварени од надоместоците определени со член 3 од овој закон од АЕК кон ОТА.
Со член 7 се определува рокот за формирање на НКБК.
Со член 8 се врши усогласување на член 5 со рокот за воспоставување на Роаминг како дома.
Со член 9 се регулира прашањето на влегување во сила на овој закон.

 


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје