25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

Бизнис-настани

15.10.2018 - 04.11.2018


Саем Гуангжу, во провинцијата Гуангдонг,  Кина

„124th China Import and Export Fair - Canton Fair 2018“


„124th China Import and Export Fair - Canton Fair 2018“
 НАЈГОЛЕМАТА САЕМСКА МАНИФЕСТАЦИЈА ВО НР КИНА
15 октомври - 4 ноември 2018 година

     Во периодот од 15 октомври до 4 ноември 2018 година, во Гуангжу, во провинцијата Гуангдонг, ќе се одржи „124th China Import and Export Fair - Canton Fair 2018”.
     Повеќе од 150.000 видови производи ќе бидат изложени на Саемот поделен во три фази. Се излагаат традиционално доминантните производи од лесната индустрија, како и производи од висока технологија и електромеханика. Кантонскиот саем каде оваа година кодомаќин е Министерството за трговија на НР Кина и Народната влада на провинцијата Гуангдонг, привлекува купувачи од целиот свет, со посетители од над 210 земји кои се среќаваат во Гуангжу, за да разменат информации и да ги набават познатите кинески брендови. Затоа на овој престижен Саем се гледа како на „барометар на надворешната трговија на Кина".

     ПРВА ФАЗА ОД 15 ДО 19 ОКТОМВРИ 2018 година
     Во Националниот (домашниот) и Меѓународниот павилјон ќе бидат изложени производи од следните сектори:

·         електроника и електрични апарати за домаќинство;

·         осветлување и опрема за осветлување;

·         возила и резервни делови за возила;

·         машини;

·         хардвер и софтвер (алатки);

·         градежни материјали;

·         производи и декорации од железо;

·         хемиски производи. 

     ВТОРА ФАЗА ОД 23 ДО 27 ОКТОМВРИ 2018 година
     Во Националниот (домашниот) и Меѓународниот павилјон ќе бидат изложени производи од следните сектори:

·         производи за широка потрошувачка;

·         керамички производи;

·         козметика;

·         мебел;

·         градинарски и други сродни производи;

·         декорации од керамика и стакло;

·         опрема за спа-центри.

     ТРЕТА ФАЗА ОД 31 ОКТОМВРИ ДО 4 НОЕМВРИ 2018 година
     Во Националниот (домашниот) и Меѓународниот павилјон ќе бидат изложени производи од следните сектори:

·         канцелариски материјали;

·         торби за дигитална опрема и камери;

·         чанти;

·         производи за рекреација;

·         храна;

·         текстил и облека;

·         чевли;

·         лекови;

·         медицински помагала и

·         здравствени производи.

     Кинескиот увозно-извозен саем, познат како Кантонски саем, е најголемата изложба во Кина со бруто изложбен простор од над 1,1 милион м2 и 55.000 штандови, во организација на Кинескиот центар за надворешна трговија. Сеопфатен во својата природа, ја има освоено Наградата „Кинески саем број 1“ за најдолга историја, обем на работа, најкомплетна изложбена понуда, најголемо присуство на купувачи и најголем промет во цела Кина.

     За таа цел, Стопанската комора на Македонија, во соработка Кинескиот центар за надворешна трговија, а со поддршка на Амбасадата на НР Кина во Македонија, организира посета на македонски компании на саемската манифестација „124th China Import and Export Fair - Canton Fair 2018“.

     За посетителите на Саемот се обезбедени:

·         бесплатни влезници за Саемот;

·         користење на просториите на Саемот;

·         можност за директни контакти со фирми (деловни средби); 

·         локален трансфер од хотелот до Саемот и

·         официјална покана за Саемот како услов за аплицирање за кинеска виза (поканата мора да биде пополнета и доставена исклучиво од Стопанската комора на Македонија. Истата важи за пријавување и до 5 лица од една иста компанија).

     Стопанската комора на Македонија посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации.

     Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, за виза (цената на визата е различна во зависност од видот на визата што се издава и се движи од 50 до 100 евра), како и организационите трошоци кон Комората (4.720,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 7.080,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората). За втор или повеќе учесници од иста компанија, на организационите трошоци Комората одобрува дополнителен попуст.

     Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 8.10.2018 година.

     За повеќе информации за „124th China Import and Export Fair - Canton Fair 2018“ - посетете ја веб-страната: www.cantonfair.org.cn или www.cftc.org.cn или контактирајте не`.

Даниела Михајловска                                         
Телефон:   02 3244 021                                              
Мобилен:  072 22 00 37                             
Факс: 02 3244 088                                               
daniela@mchamber.mk                                    
                        


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Даниела Михајловска
Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: daniela@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права