05.09.2017 (Семинар)
РАСКИНУВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ ДОГОВОРИ, УТВРДУВАЊЕ НИШТОВНОСТ, ПОНИШТУВАЊЕ НА ИСТИТЕ И ПРАВНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ КОИ ГИ СЛЕДАТ ОВИЕ ИНСТИТУТИ

06.09.2017 (Семинар)
ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

12.09.2017 (Семинар)
Дводневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ

14.09.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

18.09.2017 (Тренинг обука)
Дводневен тренинг: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

20.09.2017 (Семинар)
Советување на тема:ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

26.09.2017 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ДАНОЧНИ И УПРАВУВАЧКИ ЦЕЛИ ПО СОПСТВЕНА МЕРКА

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

28.09.2017 (Семинар)
СРЕДСТВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА (ПРЕТХОДНИ И ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ) И ЛИКВИДАЦИЈА НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

28.09.2017 (Семинар)
НОРМАТИВИ И СТАНДАРДИ ВО ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ И ЗАКОНОТ ЗА ПОЖАРНИКАРСТВО

29.09.2017 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

16.03.2017


Актуелно  

ОДРЖАНА ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА: СИГУРНОСТ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО СТОКИ И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ - МОЖНОСТИ И АЛТЕРНАТИВИ


Стопанската комора на Македонија на 16.3.2017 година одржа тркалезна маса на тема: „Сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати - можности и алтернативи“, се` со цел во присуство на компаниите и надлежните државни институции да се разгледаат расположливите решенија во процесот на сигурно снабдување со стоки кои се неопходни за тековните потреби на стопанството, посебно во услови на се` позачестени блокади кои предизвикуваат застои и нефункционалност во превозот на стоки во патниот и во железничкиот сообраќај кон Република Грција.

Во однос на досегашните загуби, констатaција е дека истите се значителни и не можат едноставно да се надополнат, имајќи го предвид фактот дека блокадите не се инцидентни и краткотрајни. За висината на загубите, секоја компанија си прави сопствени анализи и пресметки, кои покрај финансиските негативности може да повлечат и последици во деловните односи на партнерите, како резултат на неисполнување на договорените услови во целост, во однос на роковите, зголемените трошоци, довербата, што во крајна линија ја доведува во прашање и натамошната соработка. Интензитетот на штетите, гледано по одделни дејности е различен, а ако појдеме од податокот кои производи се вклучени во нашата надворешно-трговска соработка со Република Грција, може да се констатира дека тоа во најголема мера се производите од металуршкиот, металопреработувачкиот сектор, акцизната стока (нафтата и тутунот), како и текстилните производи и мермерот, секако, тука не исклучувајќи ги и логистичките оператори, транспортните компании вклучени во патниот сообраќај и двете компании „МЖ Транспорт“ и „МЖ Инфраструктура“ кои ја губат можната добивка од користењето на вагоните и на железничката инфраструктура.

- Кога се мисли на наоѓањето соодветни решенија за надминување на овие проблеми, треба да се гледа многу пошироко, загубата не е само на страна на приватниот сектор во земјава, големи се и загубите кои како земја ги чувствуваме како резултат на изгубената добивка за стоката која е во транзит. Со ова атрактивноста на Коридорот 10 се намалува, странските компании не` заобиколуваат и користат други патни правци, што долгорочно гледано остава трајни економски последици, истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

„Иако македонскиот пазар на горива е либерализиран и горивата доаѓаат од различни извори, главното снабдување на земјата доаѓа од југот, најмногу од Групацијата „Хеленик Петролеум“.

Македонскиот пазар зависи од ова снабдување, бидејќи алтернативните извори не можат ефикасно да ги задоволат неговите потреби.

Снабдувањето беше прекинато веќе три пати во период пократок од една година, и тоа: од мигрантската криза, снегот на грчката страна на границата и неодамна, со протестите на грчките земјоделци. Неефективноста на железничкиот сообраќај само ги надополни логистичките ограничувања.

За време на сите овие проблематични периоди, „ОКТА“ успеа да го обезбеди снабдувањето на земјата преку своите резерви и алтернативните рути на снабдување. Снабдување со зголемен трошок, меѓутоа непрекинато.

Ниту една од овие тешкотии немаше да настане доколку нафтоводот Вардакс беше во функција: безбедноста на снабдувањето на пазарот ќе беше загарантирана под сите услови.

Би сакал да ја искористам оваа можност и да им се заблагодарам на македонските власти кои ни помогнаа за време на последната криза, како и на Канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија, за нивната поддршка во решавањето на проблемите од грчката страна“.

Јаннис Героуланос, главен извршен директор на „ОКТА“ АД - Скопје

Д-р Ристо Јаневски, директор на Секторот логистика и услуги на клиенти во „ОКТА“ АД -   Скопје и претседател на Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија,  преку својата презентација на тема „Синџирот на снабдување на „ОКТА“ АД - Скопје, предизвици и алтернативи“ ја дополни сликата за значењето што компанијата го има во снабдувањето на македонското стопанство со нафта и нафтени деривати, давајќи соодветен придонес во конципирањето на предложените решенија за подобрување на состојбите на ова поле.

Господинот Иван Петровски, генерален директор на „Фершпед“ АД - Скопје и претседател на Македонската транспортна асоцијација при Стопанската комора на Македонија, вниманието на присутните го задржа со својата богата презентација на тема „Сегашните состојби и новите предизвици во транспортот на стока од Солунското пристаниште“. Во своето обраќање, тој преку бројки и податоци ги истакна големата улога и значењето што Пристаништето во Солун ги има за македонското стопанство во однос на другите морски пристаништа во поблиското и подалечното опкружување, давајќи му монополско значење во поглед на оддалеченоста, трошковниот аспект, инфраструктурната поврзаност, капацитетот и сл. Со новите промени, давањето под концесија на Пристаништето во Солун на голем глобален пристанишен оператор, а од друга стана и либерализацијата на грчкиот железнички сообраќај и влезот на железничките оператори, се очекува уште поголемо намалување на економските разлики и приближување до македонското стопанство. 

Затоа, истакна Петровски, не треба да не` чудат податоците дека преку Пристаништето во Солун поминале 3.322.000 тони стока во 2016 година и 4.056.840 тони во 2015 година, од кои количината на стока за Република Македонија за 2016 година е 885.000 тони во увоз и извоз од Република Македонија. Изразено во проценти тоа изнесува 27%.

Бројот на контејнери изработени во Пристаништето во Солун сметано во TEU бил 344.316, од кои за Македонија се 23.448 или 6,8%. Интересен е податокот дека за 98% од вкупниот број, транспортот е извршен камионски.


ЗАКЛУЧОЦИ од тркалезната маса:

• Споредувајќи ги сите инфраструктурни, технички, економски и безбедносни аспекти во однос на синџирот на снабдување со различни стоки и нафтени деривати, коридорот Југ - Север (на релација Македонија - Грција) во моментов нема алтернатива.
   Од тие причини, воспоставувањето на целосна инфраструктурна функционалност на Коридорот 10 и обезбедување на непречен пристап на стоките од и до Пристаништето во Солун претставува прв приоритет во активностите  на сите инволвирани субјекти во земјата и во соседството, како од страна на надлежните државни органи и институции, така и од непосредните учесници во транспортниот синџир, апелирајќи за нивно навремено делување во насока на создавање нормални услови за непречено одвивање на сите меѓусебни увозно-извозни бизнис-релации.

• Инфраструктурата, царинските премини и терминали на коридорот Исток - Запад не е доволна и не е соодветна за редовно снабдување со стоки, а особено за нафтени деривати во подолг период. Инцидентно може да помогне во одредени ситуации кога има нарушување на снабдувањето преку Коридорот 10.

• Краткорочно гледано, во случај на нарушување на снабдувањето со деривати и други стоки, неопходна е диверзификација на превозните средства (користење на железница и автоцистерни или камиони) и користење на повеќе влезни и излезни царински премини во државата.

• Стратешки гледано, за редовно снабдување со нафтени деривати од Република Грција, употребата на продуктоводот е неопходност.

• Промени на легислативата за зголемување на капацитетот на резервоарскиот простор кај трговските компании како услов за добивање на лиценци за трговија. 

• Со заокружување на процесот на приватизација на Пристаништето во Солун, односно негово давање под концесија, како и либерализација на пристапот кон грчката железничка инфраструктура и влез на приватни оператори, ќе се овозможи либерализирање на односите по повеќе основи (избегнување на можни штрајкови, подобрување на брзината на испораките, намалени трошоци...).

Билјана Пеева – Ѓуриќ
Митко Митевски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права