Бизнис-настани

01.02.2018 - 01.02.2018


Инфо сесија Хотел “Фени” - Кавадарци,  Македонија

ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ, УНАПРЕДУВАЊЕ И КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ


ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА:

“Законските прописи од областа на животната средина во функција на развој, унапредување и конкурентност на компаниите”
1 февруари 2018 година (четврток)
Хотел “Фени” - Кавадарци
10:00-14:00 часот

        Во насока на подобрување  и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема: “Законските прописи од областа на животната средина во функција на развој, унапредување и конкурентност на компаниите”.

     Информативниот настан ќе биде спроведен од страна Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

     Целта на овој информативен настан е да се идентификуваат предлози за подобрување на постојните законски/подзаконски постапки, барања, услови и временски периоди на спроведување на постапките кои произлегуваат од законите за животна средина, за подобро бизнис опкружување. Паралелно, да се обезбеди и заштита на здравјето на граѓаните, заштита на водите, воздухот и почвата и заштита на биодиверзитетот. Информативниот настан е наменет за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони и информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог.

Информативниот настан на тема “Законските прописи од областа на животната средина во функција на развој, унапредување и конкурентност на компаниите” ќе се одржи на 1 февруари 2018 година (четврток), со почеток  во 10:00 часот, во Хотел “Фени” - Кавадарци. 

     Предавач на информативниот настан на тема “Законските прописи од областа на животната средина во функција на развој, унапредување и конкурентност на компаниите” е м-р Славјанка Пејчиновска – Андонова, инж. на животна средина, консултант за животна средина со повеќе од 15 години искуство во областа на животната средина, оценка на влијание на проекти врз животната средина, стратегиска оцена на планови и програми врз животната средина, управување со отпад, води, емисии во воздух и квалитет на воздух, управување со хемикалии и длабински анализи во поглед на управувањето со животната средина како и подготовка на апликации за ИСКЗ еколошки дозволи и нивни измени и обнова.
     Таа е основач и сопственик на Друштвото за технички консултантски услуги “ЕкоМозаик“ ДООЕЛ Скопје (www.ekomozaik.com) и заедно со нејзиниот тим дава консултантски услуги од област на животна средина и енергетска ефикасност на приватни компании (МСП и големи фирми од различни сектори), национални, регионални и локални институции и меѓународни организации.

Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 30-ти Јануари 2018 година (вторник), на е-маил: tanja@mchamber.mk  или на тел 071 380 850 – лице за контакт: Тања Мицева Белевска.

Во прилог на Поканата е Агендата од настанот.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Тања Мицева
Тел: ++ 389 43 415 044 Факс:++ 389 43 415 044
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: tanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права