23.06.2017 (Семинар)
ГОДИШЕН ОДМОР, ТРАЕЊЕ, СТЕКНУВАЊЕ СО ПРАВО, ПРАВО НА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ, КОРИСТЕЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА НЕИСКОРИСТЕНИОТ ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР

27.06.2017 (Настан)
ИНФОРМИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ И ОБВРСКИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

28.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

28.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

29.06.2017 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА

29.06.2017 (Семинар)
БЕЗБЕДНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ

29.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг обука на тема:КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ

04.07.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА НА ТЕМА: ИНФОРМИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ И ОБВРСКИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

05.07.2017 (Семинар)
НАПЛАТА НА СПОРНИ ПОБАРУВАЊА ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

14.07.2017 (Семинар)
АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ ЗА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС НА РАБОТНОТО МЕСТО (СТРЕС МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИИ И ТЕХНИКИ)

17.07.2017 (Форум)
КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ 2017 - 17-19.07.2017 ПРАГА, Р.ЧЕШКА

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

26.04.2017 - 26.04.2017


Конференција Хотел „Александар Палас“- Скопје,  Македонија

Регионалната конференција: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ“


Покана
за присуство на Регионалната конференција

 „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ“

26 април 2017 година (среда)
Хотел „Александар Палас“- Скопје, Република Македонија


          Почитувани,

          Стопанската комора на Македонија во заедничко партнерство и со поддршка на ДИХК – ЦЕФТА (Асоцијација на трговско-индустриските комори на Германија и ЦЕФТА-коморите) организира Регионална конференција на тема: „Медијацијата како  ефикасен начин на алтернативно решавање на стопанските спорови“, што ќе се одржи на 26 април 2017 година (среда) во хотелот „ Александар Палас“ во Скопје.

          Целта на Регионалната конференција е подигнување на јавната свест за мирното решавање на споровите со помош на алтернативни начини на решавање на споровите како што е  медијацијата и тоа со посебен осврт на стопанските спорови, тргнувајќи од фактот што организатор на оваа конференција е Стопанската комора на Македонија, а таа по вокација е заштитник на бизнис заедницата и стопанството. На Конференцијата ќе бидат презентирани актуелните случувања од областа на медијацијата, односно како функционира истата во земјата, регионот и во други европски земји низ примери од пракса.
          Иницијативата за одржување на оваа значајна Конференција произлегува и од програмските насоки на Централно-европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА, што преку своите активности насочени кон остварувањето на основната цел - либерализација на трговијата со стоки и создавање единствена зона за економска соработка, фокусирана е и на процесот на промоција и афирмација на мирното решавање на споровите пред компаниите од земјите кои се потписнички на Договорот. Во оваа насока оди и поддршката на Стопанската комора на Македонија за популаризација и афирмација на медијацијата како ефикасна алатка за мирно решавање на споровите. Така, Стопанската комора на Македонија учествувајќи во овој процес, најпрво на 15.7.2016 година формираше во рамките на Комората Асоцијација за поддршка на медијацијата, а потоа со лиценцирани медијатори и експерти од областа на медијацијата од втората половина на 2016 година до денес одржа повеќе од 15 бесплатни семинари за медијацијата низ целата територија на Република Македонија и регионалните комори, со учество од над 500 претставници од компаниите од различни сектори, како и претставници од државните институции. Стопанската комора на Македонија и во иднина ќе продолжи да биде промотор на медијацијата, партнер на Комората на медијатори, Министерството за правда и другите надлежни органи и институции со цел афирмирање на предностите на овој ефикасен начин на решавање на споровите.
          Оттука, задоволство ни е да Ве поканиме да земете учество на Конференцијата како учесник, со цел заеднички да придонесеме за уште поголема афирмација на медијацијата посебно во решавањето на стопанските спорови во нашата земја и во регионот.

           Инаку, за запознавање на македонските компании со законските измени е дека, со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка („Службен весник на РМ“, бр.124./15) со член 47 од Законот, извршена е измена на член 461 од пречистениот текст на ЗПП  според кој: „ Во стопанските спорови за парично побарување чијашто вредност не надминува 1.000.000 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. При поднесување на тужбата тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. Тужбата кон која не е приложен доказот од ставот (2) на овој член судот ќе ја отфрли“. Оваа одредба од ЗПП е влезена во сила од февруари 2016 година.
          Според новиот Закон за медијација и неговите измени и дополнувања („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/13, 148/15, и 55/16), постапките за медијација може да ги спроведува единствено медијатор на кого му е издадена лиценца за вршење на медијаторски работи согласно член 46 од Законот за медијација, од страна на Министерството за правда на Република Македонија - Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата. Медијаторот врши работи согласно ЗПП и погоре потенцираната законска одредба, како и спроведување на постапки за решавање на сите видови медијабилни спорови за кои спротивставените страни ќе изјават волја доброволно, спорот да го решат по пат на медијација. Листата на лиценцирани медијатори (само тие медијатори можат да работат согласно ЗМ) се наоѓа на веб-страната на Министерството за правда на Република Македонија.

          Дополнително на поканата, Ви доставуваме и Предлог-агенда за Конференцијата каде можете да го видите потврденото присуство на претставници од повеќе стопански комори од соседството и пошироко, како и учество од   меѓународни институции. Исто така, Ве информираме дека од сите говорници на  Регионалната конференција, Стопанската комора на Македонија подготвува брошура која ќе биде отпечатена на македонски и на англиски јазик како сублимат од Регионалната конференција и како прирачник за поголема промоција на медијацијата со апострофирање на позитивни примери од праксата кои се решени по пат на медијацијата.

          Ве молиме за присуството на Регионалната конференција да не` информирате најдоцна до 21 април 2017 година.

          Контакт-лице од Стопанската комора на Македонија: Елизабета А.Ефтимова, тел: 02 32 44 074, е-адреса: beti@mchamber.mk .

          Во очекување на Вашиот позитивен одговор, остануваме со изрази на особено почитување,

    

                                                                             Извршен директор,
                                                                        д-р Јелисавета Георгиева

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права