20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

05.09.2017 - 05.09.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

РАСКИНУВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ ДОГОВОРИ, УТВРДУВАЊЕ НИШТОВНОСТ, ПОНИШТУВАЊЕ НА ИСТИТЕ И ПРАВНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ КОИ ГИ СЛЕДАТ ОВИЕ ИНСТИТУТИ


Еднодневен семинар:

РАСКИНУВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ ДОГОВОРИ, УТВРДУВАЊЕ НИШТОВНОСТ, ПОНИШТУВАЊЕ НА ИСТИТЕ И ПРАВНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ КОИ ГИ СЛЕДАТ ОВИЕ ИНСТИТУТИ

5 септември 2017 година (вторник)
10:00 - 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: „Раскинување на трговските договори, утврдување ништовност, поништување на истите и правните последици кои ги следат овие институти“.

          Целта на овој семинар е длабинска разработка на трговските договори во смисла на нивната нужна, императивна содржина наспроти диспозитивните обврски кои можат да ги преземат страните на истите договори. Притоа, по утврдувањето на границите во кои можат да се движат договорните права и обврски на страните на договорите, во продолжение ќе се изврши анализа на причините поради кои може да се утврдат аномалиите на склучените договори поради кои понатаму настануваат правните последици во смисла на згаснување на преземените обврски. Истото ќе биде проследено преку разграничување на причините кои водат до раскинување на договорите, утврдување на нивната ништовност, како и поништувањето на договорите. Веднаш потоа, ќе се пристапи кон разграничување на правните последици кои го следат секој одделен институт во светло на одговорноста на секоја страна за склучувањето на посочените минливи договори. Последниот дел од семинарот ќе биде посветен на разгледување на конкретни судски постапки – начинот на нивно заведување преку тужби, текот на постапките и пресудите со кои истите се завршувале. Всушност, по спроведувањето на овој семинар се очекува присутните слушатели да добијат целосна слика на елементите на кои е потребно нужно да внимаваат како не би склучиле минлив договор, а до колку е потребно да утврдат минливост на договор да се овозможи поедноставно спроведување на судските постапки преку кои ќе можат да го постигнат истото.

ПРОГРАМА:
 
• Правни рамки во кои може да се движи слободата при склучувањето на договорите;
• Задолжителни елементи при склучувањето на договорите;
• Толкување на спорните одредби од договорите;
• Раскинување на договорите поради неисполнување;
• Раскинување или измена на договор поради променети околности;
• Невозможност за исполнување;
• Прекумерно оштетување;
• Лихварски договор;
• Утврдување ништовност на договор:
  - Последици од ништовноста;
  - Делумна ништовност;
  - Конверзија;
  - Дополнително исчезнување на причината за ништовноста.
• Поништување на договор поради рушливост:
  - Последици од поништувањето;
• Разработка на конкретни примери од судската пракса при раскинувањето на договорите, утврдување на нивна ништовност и нивно поништување.

Овој семинар е наменет за управителите (законските застапници) на правните лица, правните служби, адвокатите, сите правни и физички лица кои склучуваат договори, како и  за сите оние кои имаат потреба од проширување на своите знаења од предметната тема за разработка.

Предавач:
- М-р Тања Петковска,
адвокат, магистер по меѓународно право и меѓународна политика со специјалност меѓународно право, со 9 години практична работа во правото. Своето работно искуство го започнува со работа во Основниот суд Скопје 2 - Скопје каде има работено во областа на стопанските спорови, работните спорови, стечајните постапки, платните налози и парничните постапки; продолжувајќи со работа во сопствена адвокатска канцеларија во областа на граѓанските и стопанските спорови.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот. 

Рок за пријавување: 30.8.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права