20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

07.08.2017


Актуелно  

УСОГЛАСУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА СО ЦЕЛ УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДЕЈНОСТИТЕ ПОВРЗАНИ СО ПРОИЗВОДСТВО И ТРГОВИЈА СО ОРУЖЈЕ, ЕКСПЛОЗИВНИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ, ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА И ОПРЕМА ЗА ВОЕНА И ЦИВИЛНА НАМЕНА


Групацијата за оружје и опрема во рамките на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија укажува на неопходноста од усогласување на регулативата со цел унапредување на дејностите поврзани со производството и трговијата со оружје, експлозивни и опасни материјали, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, истакна Димитар Мангутов, претседател на Групацијата за оружје и опрема, на прес-конференцијата во Комората (7.8.2017 година).

Членовите на Групацијата бараат поголема соработка со надлежните државни институции и веќе имаат покренато иницијативи за конкретни средби со ресорните министри од Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Министерството за економија, како и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Со министерката за одбрана, г-ѓа Шекеринска и соработниците, Групацијата одржа многу корисна средба и се договорија натамошните заеднички активности. Компаниите очекуваат набрзо да се одржат и состаноците со другите министерства и институции.

Како најголеми актуелни проблеми на прес-конференцијата се истакнаа:

  • - невклученост на домашните компании во тендерите што ги распишуваат македонските министерства;
  • - во изминатиот  период многу тешко или никако не можеше да се добијат дозволи (за транзит, увоз, извоз, реекспорт и др.) кои се во надлежност на Министерството за економија;
  • - добивање насоки (правилник или подзаконски акт) за техничките, просторните и други критериуми за добивање безбедносен сертификат за правно лице од степен „доверливо“ и
  • - расчистување на нејаснотии со кои членовите на Групацијата секојдневно се судруваат во својата работа од оваа област (контакт и кореспонденција со странски  лица и компании, преводи и заверки на документи со класифицирани информации и друго).

Компаниите од Групацијата за оружје и опрема бараат донесување закон за оружје и опрема усогласен со европските директиви, за што доставија свои предлози до Министерството за внатрешни работи.

Лазо Ангелевски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права