Бизнис-настани

12.07.2018 - 12.07.2018


Работилница Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕ НА ПЛАТА, ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА ВРЕМЕНА НЕСПОСОБНОСТ ЗА РАБОТА – БОЛЕДУВАЊЕ, ПАУЗИ И ОДМОРИ


Еднодневна работилница:

ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕ НА ПЛАТА, ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА ВРЕМЕНА НЕСПОСОБНОСТ ЗА РАБОТА – БОЛЕДУВАЊЕ, ПАУЗИ И ОДМОРИ

12.7.2018 година (четврток)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Стопанската комора на Македонија, на 12 јули 2018 година, организира еднодневна работилница на тема: „Порамнување и задржување на исплаќање на плата, пресметка на надомест на плата по основ на времена неспособност за работа – боледување, паузи и одмори“, чија цел е стекнување практични знаења за правилното применување на легислативата која ги уредува некои од најчестите дилеми кои произлегуваат од работните односи, а особено: начинот на постапување во ситуации на постоење услови за порамнување и задржување на исплаќање на плата, спецификите на пресметката на надомест на плата по основ на боледување, како и правилна имплементација на законските одредби за користење паузи и одмори.

          На присутните ќе им се овозможи лесно да ги применуваат позитивните прописи од оваа област во своето работење, со што ќе се избегне ризикот од изрекување глоба при инспекциски надзор. Дополнително, ќе се придонесе кон заштита како на работодавачите, така и на вработените од евентуален надомест на штета настаната поради непочитување на законската регулатива од дадената проблематика.

ПРОГРАМА

I. ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА

- Законска регулатива;
- Право на плата;
- Општ осврт на составните елементи на плата;
- Практичен пример за утврдување и пресметка на плата.

 

II. ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕТО НА ПЛАТА

- Основ и услови за порамнување на побарување на работодавач со обврска за   исплата на плата;
- Основ и услови за задржување на исплаќањето на плата со посебен осврт на   новиот Закон за извршување:
• Административна забрана;
• Налог за извршување врз основа на извршна исправа;
• Претходно исплатен аванс кој сé уште не е оправдан;
• Надомест на штета;
• Парична казна изречена од работодавачот.
- Практични примери и дискусија. 

III. ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА ВРЕМЕНА НЕСПОСОБНОСТ ЗА РАБОТА - БОЛЕДУВАЊЕ

- Законска регулатива;
- Исплата на боледување на товар на работодавач;
- Исплата на боледување на товар на Фондот за здравствено осигурување;
- Практични примери.

IV. ПАУЗИ И ОДМОРИ

- Законска регулатива:
  • Пауза за време на работно време;
  • Дневен и неделен одмор;
  • Годишен одмор:
- Определување за секој вработен одделно;
- Стекнување право за цел годишен одмор;
- Пропорционален дел од годишен одмор;
- Користење на годишен одмор;
- Потврда за искористен годишен одмор;
- Надоместок за неискористен годишен одмор;
- Надоместок на плата за годишен одмор и основица за плаќање  придонеси и   персонален данок за надоместокот на плата за годишен одмор;
- Неплатено отсуство;
- Практични примери на релевантни одлуки и документи.

V. НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА

- Регрес за годишен одмор:
  • Пропишан износ;
  • Сметководствен и даночен третман;
  • Потребна документација;
  • Пресметка.
- Практични примери.

Предавачи:

- Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и

- Викторија Спасовска, правен консултант во „Консалтинг Интер Груп“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 9.7.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права