20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Акти на Комората

Акти на Стопанската комора на Македонија

Закон за стопанските комори  (.pdf)

Статут на Стопанската комора на Македонија (.pdf)

 Врз основа на член 13 став 1 алинеја 1 и член 42 од Законот за стопанските
комори (Службен весник на Република Македонија бр. 17/2011), Собранието на
Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 20.04.2011 го донесе
следниот


С Т А Т У Т
на Стопанската комора на Македонија
 I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1


Стопанската комора на Македонија (во натамошниот текст: Комора) е
деловно-стручна асоцијација, која, согласно Законот за стопанските комори, ги
усогласува, застапува и штити интересите на своите членови.

Во Комората членуваат физички лица - трговски поединци и правни лица,
запишани во Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица со седиште
во Република Македонија, кои вршат трговска дејност и други субјекти запишани во
Регистарот со седиште во Република Македонија, кои со својата дејност
придонесуваат за унапредување на работењето на стопанството.

Член 2

Членувањето во Комората и истапувањето од неа е слободно и на
доброволна основа.

Со Комората управуваат нејзините членови преку нивните претставници во
здруженијата според дејности, во регионалните комори, другите облици на
организирање и работење и преку избраните членови во органите на Комората.

Член 3

Комората е независна и самостојна организација, со својство на правно
лице.

Комората е непрофитна организација. Доколку во работењето Комората
оствари добивка по кој било основ согласно законот и овој статут, таа мора да
биде употребена исклучиво за поддржување и остварување на целите и задачите
заради кои е основана.

Називот на Комората гласи: Стопанска комора на Македонија.
Во меѓународната комуникација Стопанската комора на Македонија го
користи називот: Economic Chamber of Macedonia.

Седиштето на Комората е во Скопје, ул. Димитрие Чуповски бр. 13.

.....



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Татјана Штерјова
Тел: ++ 389 2 3244065 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: tatjana@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права