Германски „Континентал“ до 2028 година ќе укине 5.040 работни места низ светот

   

Вести / 21.11.2019
👁 Прочитано: 313


Германски „Континентал“ до 2028 година ќе укине 5.040 работни места низ светот

Германскиот производител на автомобилски мотори „Континентал“ соопшти дека ќа го намали своето производство заради тоа што построгите правила за емисијата на штетни гасови ќе може да ја намалат побрувачката за компонентите за моторите со внатрешно согорување, што до 2028 година ќе резултира со укинување на 5.040 работни места.

Светскиот добавувач на автомобили, што вработува повеќе од 240.000 лица, забалежа полоши квартални деловни резултати заради глобалниот пад на побарувачката за лични автомобили и свртувањето од бензински и дизел автомобили кон електричните.

„Континентал“ соопшти дека во 2024 година ќе ја затвори фабриката во германскиот град Родинг во која се произведуваат хидрауличните компоненти за бензинските и дизел мотори, што ќе резултира со укинување на 520 работни места.

Загрозени се уште 850 работни места во фабриката во германскиот град Лимбач-Оберфрохн, во која се планира до 2028 година да запре производството на компонентите за вбризгувачките дизел горива, а работата ќе ја загубат и 2.200 работници во германскиот град Бабенхаусен, соопшти компанијата.

Во фабриката во американскиот град Њупорт во кој се произведуваат хидраулични компоненти за бензинските мотори до 2024 година ќе бидат укината 720 работни места.

Во италијанскиот град Пиза до 2028 година ќе запре производството на компоненти за бензински мотори заради тоа што работа ќе загубат 750 работници, соопшти „Континентал“.

Оттаму, исто така, додаваат дека ќе почнат и разговори со претставници на работниците во фабриката во шпанскиот град Руби, во која се произведуваат аналогни системи за заслон. На оваа локација „Континентал“ ќе укине 760 работни места.