ВЕЗЕ ШАРИ - УСПЕШНА ПРИКАЗНА СО ЗАОКРУЖЕН ПРОИЗВОДЕН ПРОЦЕС

   

👁 Прочитано: 383


ВЕЗЕ ШАРИ - УСПЕШНА ПРИКАЗНА СО ЗАОКРУЖЕН ПРОИЗВОДЕН ПРОЦЕС
Најголемата домашна живинарската фарма ВЕЗЕ ШАРИ, лоцирана во селото Требош - тетовско, основана е со германско-македонско партнерство во 2001 година. Компанијата  има широко распостранета сопствена дистрибутивна мрежа и врши извоз на јајца во земјите од регионот, ЕУ и NATO со капацитет од 120.000 кокошки и годишно производство од над 34.000.000 јајца, со што ги задоволува потребите на пазарот во Земјата.

ВЕЗЕ ШАРИ-УСПЕЖНА ПРИКАЗНА СО ЗАОКРУЖЕН ПРОИЗВОДЕН ПРОЦЕСЖивинарската фарма располага со 2 простории за раст на еднодневни пилиња со вкупен капацитет од 60.000 пилиња и 4 простории со вкупен капацитет од 120.000 кокошки несилки. Со цел да го збогати животот на потрошувачите со вкус и квалитет, ВЕЗЕ ШАРИ пласира на пазарот јајце заштитено со посебно лого, кое го гарантира квалитетот со највисоките европски стандарди ISO 22000:2005, стандард кој во себе го опфаќа и системот HACCP, како и HALAL стандардот.

Во составот на оваа компанија влегува и фабрика за преработка на пилешко и говедско месо – LECKER. Од 2007 година, ВЕЗЕ ШАРИ започна со производство на производи од месо, мелено месо и преработки од пилешко и говедско месо под брендот LECKER, кој на пазарот нуди квалитетни и безбедни производи, докажани во и надвор од земјата. Посебноста на фабриката LECKER е тоа што во производниот процес се употребуваат исклучиво здрави кокошки од сопствено производство и производи од верификувани производители и добавувачи на суровини, адитиви, зачини и материјали за пакување. За да се осигура безбедноста на производите, системот за управување со квалитет на LECKER е сертифициран според стандардот ISO 22000: 2005 со имплементирање на HACCP и HALAL системот со континуирана проценка на нивната ефикасност и постојана контрола.

ВЕЗЕ ШАРИ-УСПЕЖНА ПРИКАЗНА СО ЗАОКРУЖЕН ПРОИЗВОДЕН ПРОЦЕСПоследната инвестиција од страна на менаџментот на компанијата е ЕЛЕКТРО ШАРИ- првата термоцентрала на биогас во Македонија за производство на електрична енергија. Капацитетот на објектот за производство на електричната енергија е 1 мегават на час, односно 8.760.000 киловат часови годишно.

Како суровина за производство на електрична енергија се користи отпадот и нус-производите од фармата Везе Шари како и другиот отпад од земјоделство. Во ЕЛЕКТРО ШАРИ, отпадот не се третира како отпад, туку како обновлив извор на енергија, од кој по согорување на метанот се добива електрична и топлинска енергија. Остатокот по ферментацијата се обработува повторно за производство на органско ѓубриво-подобрувач на својствата на земјиштето во количина од 8.000 тони годишно. Органското ѓубриво НАТУРПУР како производ е одобрен и регистриран во соодветните институции и истиот е одобрен за извоз во земјите на Европската унија со исполнување на највисоките меѓународни стандарди за квалитет и безбедност на здравје и животна средина.
ВЕЗЕ ШАРИ-УСПЕЖНА ПРИКАЗНА СО ЗАОКРУЖЕН ПРОИЗВОДЕН ПРОЦЕС

Во рамки на реализираната посета на компанијата беа презентирани услугите на Центарот за квалитет. При тоа беше образложена потребата и бенефитот од имплементацијата на интернационалните стандарди, ISO 9001, ISO 14001, ISO 22000, ISO 45001 и HALAL како етнички стандард. На барање на компанијата се направи и посебен осврт на активностите врзани за транзиција на стандардот ISO 22000:2005 во ISO 22000:2018.

Васко Ристовски
Емилија Тодоровска