Семинар 29.11.2019 ПРАВА, ОБВРСКИ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ИЗРЕКУВАЊЕ НА ГЛОБИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ИНСПЕКЦИСКИ РАБОТИ ОД ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

Стопанска комора на Македонија

Еднодневна работилница на тема:

ПРАВА, ОБВРСКИ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ИЗРЕКУВАЊЕ НА ГЛОБИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ИНСПЕКЦИСКИ РАБОТИ ОД ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

29.11.2019 година (петок)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија, на 29 ноември 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Права, обврски и превенција од изрекување на глоби на работодавачите при спроведувањето на инспекциски надзор и инспекциски работи од областа на работните односи“ со цел сеопфатно да се информираат работодавачите за нивните права и обврски согласно закон и подзаконски акти, а во насока на нивна подготовка за соодветна заштита при инспекциски надзор од областа на трудот.

На работилницата преку практични примери, дискусија и одговор на сите пројавени прашања и дилеми, ќе се направи опфат на областите на работните односи на кои инспекцискиот надзор се однесува, вклучително: засновањето на работен однос со соодветен договор за вработување, правилно управување со обврските по однос на распоредот на работното време, паузите и одморите, како и обврските кои произлегуваат од исплаќањето на плата. 

Конечно, ќе биде направен и преглед на постапката за инспекциски надзор, со напомени за превентивно дејствување на работодавачите, укажување за отстранување на повреди на закон и други прописи, спроведување едукација, сé со цел избегнување на пропишаните глоби.

ПРОГРАМА

I. ЗАКОНСКА И ПОДЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
   - Закон за работни односи;
   - Општ колективен договор и колективен договор на ниво на гранка;
   - Правилници кои произлегуваат од Законот за работни односи;
   - Корисни документи за работодавачите: контролни листи на побарувани акти и документи во насока на превентивна заштита.
   - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

II. ОБЛАСТИ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ИНСПЕКЦИСКИ РАБОТИ ВО СФЕРАТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
    - Засновање на работен однос:
    - Состав, употреба на соодветен договор за вработување и негова достава до работникот;
    - Задолжителни елементи на договорот за вработување;
    - Измена и дополнување на договорот за вработување.
    - Работно време, паузи и одмори:
    - Полно и скратено работно време, сменско работење, прекувремена работа, работа ноќе, нивна евиденција и обврска за пријава во Државниот инспекторат за труд;
    - Паузи за време на работното време;
    - Дневен, неделен и годишен одмор (Определување за секој вработен одделно, стекнување право за цел годишен одмор, пропорционален дел од годишен одмор, користење       годишен одмор, потврда за искористен годишен одмор, надоместок за неискористен годишен одмор).
    - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

III. ПЛАТА И ИСПЛАЌАЊЕ НА ПЛАТА
    - Обврски на работодавачот во врска со пресметката и исплаќањето на плата;
    - Додатоци на плата кои произлегуваат од распоредот на работното време, основи за надомест на плата и трошоци поврзани со работењето;
    - Месечна и годишна пресметка на плата.
    - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

IV. ПОСТАПКА ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАШТИТА НА РАБОТОДАВАЧОТ
    - Надзор од страна на инспекцијата на трудот и нејзини овластувања;
    - Укажување за отстранување на повреди на закон и други прописи и спроведување едукација;
    - Забрана за вршење на работи на работодавачот;
    - Покренување на прекршочна постапка;
    - Одлагање на извршување на одлука;
    - Право на жалба;
    - Основи за прекршочна одговорност;
    - Пропишани глоби.
    - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

Предавачи:
- Трајче Костески, државен инспектор - советник по труд за Регион 7 при Секторот за инспекциски надзор од областа на работните односи во Државниот инспекторат за труд на Република Северна Македонија;
 
- Викторија Спасовска-Симоноска, правен консултант, Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право. 

За сите учесници на работилницата ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на работилницата.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 24.11.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.09.2020
ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА, МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТА, НАЧИН И УСЛОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
Online Бизнис средби, 22.09.2020
„ОНЛАЈН“ НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И БИЛАТЕРЛАНИ СРЕДБИ- „SOLAR ENERGY BUSINESS MIXER“
Семинар, 22.09.2020
ИТ-КАТАСТРОФИ И КОНТИНУИТЕТ ВО РАБОТЕЊЕТО - Дефинирање, тестирање и опоравување -
Семинар, 24.09.2020
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА - TELESALES
Семинар, 25.09.2020
ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО ПРИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА САРС-КОВ-2 ВИРУСОТ
Семинар, 25.09.2020
ДЕЛОВЕН ЕКСЕЛ - ПИВОТ ТАБЕЛИ, СЦЕНАРИЈА И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ ВО ФУНКЦИЈА НА ЕФИКАСНО И ЕФЕКТИВНО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 27.09.2020
ИЗВОЗНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОГОЛЕМА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ НА ТУРИЗМОТ КАКО ПРЕДИЗВИК НА НОВОТО ВРЕМЕ
Семинар, 29.09.2020
ИНТЕРНИ АУДИТОРИ НА СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 01.10.2020
ОСНОВИ НА AutoCAD
Online Бизнис средби, 08.10.2020
за учество на „виртуелен“- он-лине брокерски настан - The VIRTUAL BROKERAGE EVENT - INNOVATION VILLAGE 2020- VBE-IV2020
Саем, 14.10.2020
Меѓународен „онлајн“ индустриски саем „ТеМЕкс“
Саем, 16.10.2020
„CII AGRO & FOOD TECH“- ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И АГРОКУЛТУРА -ИНДИЈА 2020
Саем, 21.10.2020
Саем за директни бизнис средби „Братислава 2020“
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“