„Агромаркет Игор“ – успешна бренд приказна
👁 Прочитано: 12232



„Агромаркет Игор“ – успешна бренд приказна

Стопанската Комора на Македонија постојано го следи развојот на нашите членки, а една од нив е и компанијата „Агромаркет Игор“- с. Владевци, која е формирана во 1999 година.

„АГРОМАРКЕТ ИГОР“ – УСПЕШНА БРЕНД ПРИКАЗНАВо разговорот со управителот на компанијата, Ирена Петрова, ја откривме успешната приказна на овој бренд кој започнал со својата дејноста преку малопродажба во повеќе земјоделски аптеки, а во 2002 година покрај продажба на мало во сопствени земјоделски аптеки, компанијата пристапува и кон продажба на големо.

Како што одминува времето, во 2015 година „Агромаркет Игор“ се стекнува со А-интегрирана еколошка дозвола. Благодарение на оваа дозвола основна дејност на „Агромаркет Игор“ е производство и пакување на течни, гранулирани и кристални вештачки ѓубрива.

Добро организираната продажна мрежа која ја имаат придонесува да пласираат голем број различни земјоделски продукти од сопствен увоз. Притоа, оваа компанија не само што врши продажба на големо на минерални вештачки ѓубрива, се занимава и со продажба на семенски материјал, како и репроматеријали за добивање  квалитетно  земјоделско производство.

„Агромаркет Игор“ има палета на кристални и течни минерални ѓубрива, а квалитетот на истите е докажан преку многубројните потрошувачи на добро познатите комбинации на NPK-ѓубривата, со чија помош им се дава профитабилно решение на потрошувачите за исхраната на секоја растителна култура која ја одгледуваат.

Компанијата континуирано расте, а брендот „Агромаркет Игор“ го има во сите градови, во сите земјоделски аптеки низ цела Македонија. Во 2016 година компанијата започнува со извоз на производите вон границите на нашата држава. Остварени се првите контакти за започнување на извоз и тоа во Р. Албанија, каде што веќе 2 години остваруваат успешна соработка. Во 2020 година плановите на оваа компанија се да започнат извоз и во Р. Бугарија и Р. Србија, каде се надеваат дека ќе остварат успешна соработка.

„АГРОМАРКЕТ ИГОР“ – УСПЕШНА БРЕНД ПРИКАЗНА„АГРОМАРКЕТ ИГОР“ – УСПЕШНА БРЕНД ПРИКАЗНА„АГРОМАРКЕТ ИГОР“ – УСПЕШНА БРЕНД ПРИКАЗНА