ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ



Со овој закон се уредуваат организирањето, структурата, финансирањето и управувањето на системот на образование на возрасните, кој е дел од единствениот систем на образованието во Република Северна Македонија.

Предлог Законот за образование на возрасните содржи 73 члена.

Во поглавје I се уредуваат одделни поими употребени во овој закон и нивното значење, видовите на образование на возрасните (формално, неформално и информално учење на возрасните), како и целите и задачите на образованието на возрасните и кои јавни и приватни установи можат да вршат образование на возрасни.

Во поглавје II се уредуваат надлежности за образование на возрасните, односно кои надлежности произлегуваат од министерство за образование и наука, кои надлежности произлегуваат од министерството надлежно за работите за трудот од областа на образованието, надлежности на советот за образование на возрасните, надлежности на едниците на локална самоуправа  како и на социјалните партнери во областа на образованието на возрасните.

Во поглавје III се уредува организирањето на понудувачите на услугите за образование на возрасните, односно правата и обврските на понудувачите на услугите за образование на возрасните, склучување на договори меѓу установата и институцијата, по кои програми се стекнува образование за основно, средно и високо образование. Во ова поглавје се уредува и верификацијата на посебни програми за образование на возрасните, како и акредитацијата на установите и институциите за образование на возрасните, понатака испитите кои се спроведуваат на крајот на образованието на возрасните и добивање на сертификат. Секоја установа односно институција за образование на возрасните води документација и евиденција.

Во поглавје IV се уредува Валидација на неформално и информално учење со цел да им овозможи препознавање и признавање на знаењата и вештините и компетенциите кои ги стекнале лицата со неформалното учење или информално учење, како и начинот на акредитација на понудувачите на услуги за валидација. За проверка на исполнетоста на условите за акредитација на понудувачите на услугите за валидација врши комисија која е формирана од министерството составена од по еден член од Министерството, Центарот за образование на возрасните и Центар за стуrчно образование и обука. Се води централен регистар за акредитирани понудувачи на услуги за валидација на неформално и информално учење. Проценката за знаењата, вештините и компетенциите на учесникот ја врши Комисија за проценување на формирана од понудувачот на услугите за валидација. Понудувачите на услугите за валидација водат докуметација и евиденција.

Во поглавје V се уредува начинот на финансирањето на образованието на возрасните и за валидација. Средствата се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија, од буџетите на единиците на локална самоуправа, од учесниците во образование на возрасните и учесниците во валидација  и од други извори утврдени со закон. Од Буџетот на Република Северна Македонија се обезбедени средства за: трошоци за реализација на програмите за основно образование на возрасните, тековно одржување на установите за образование на возрасните на кои државата е основач и трошоците за следење, унапредување и развој на образованието на возрасните, од буџетите на единиците на локална самоуправа се обезбедуваат средства за трошоци поврзани со реализација на посебните програмите во установата за образование на возрасните на кои единици на локална самоуправа е основач, тековно одржување на установите за образование на возрасните и инвестиции во установите за образование на возрасните на кои единицата на локална самоуправа е основач. Од
Буџетот на Република Северна Македонија средства се доделуваат на установата, односно институциите за образование на возрасните, односно за валидација, врз основа на јавен конкурс кој го распишува Центарот на својата интернет страна.Средствата од буџетите на единиците на локална самоуправа се доделуваат на установата, односно институцијата за образование на возрасните , односно валидацијата врз основа на јавен конкурс кој го распишува едницата на локалната самоуправа.

Во поглавје VI се уредува начинот на работа на Центарот за образование на возрасните како јавна установа  и е како посебно правно лице основано од Влада на Република Северна Македонија. Центарот за образование на возрасните го развива образованието на возрасните заради усогласување на потребите со современиот технолошки и општествен развој, го развива процесот на валидација заради усогласување со пазарот на трудот и со потребите на населението во контекст на доживотно учење, дава поддршка на социјалното партнерство на сите нивоа и фази во планирањето, развојот и реализацијата на образованието на возрасните, го поврзува образованието на возрасните и работата во контекстот на доживотното учење, развива европска ориентација на образованието на возрасните, подготвува концепции за образованието на возрасните, изготвува стандарди на занимања за програмите за образование на возрасните, учествува во изготвување во стандарди на квалификации, изготвува модели на јавно признати и  посебни програми за образование на возр
асните, изготвува посеби програми за образование на возрасните, врши верификација на посебни програми,  издава каталог на јавно признати програми  и верифицирани посебни и го објавува на официјалната Интернет страница на Центарот, обезбедува поддршка на образованието на возрасните преку советување, инструирање и менторирање на кадарот кој ги реализира програмите за образование на возрасните, дава мислење за исполнетоста на условите на установите и институциите кои бараат акредитација за реализирање на јавно признати програми за образование на возрасните, изработува стандарди за простор и опрема на установите и институциите за образование на возрасните, издава каталог на акредитирани установи и институции за образование на возрасните и го објавува на официјалната интернет страница на Центарот и Министерството, посредува во кариерниот развој и професионалната ориентација на учесниците во образование на возрасните, врши обука на советници за валидација и им издава сертификати , врши обука на проценувачи за валид
ација и им издава сертификат, издава Каталог на сертифицирани советници за валидација и го објавува на својата интернет страница, издава Каталог на сертифицирани проценувачи за валидација и го објавува на својата интернет страница, го координира процесот на валидација, предлага решенија за подобрување на врските меѓу формалното и неформалното образование, доставува годишен извештај до министерството и Советот за реализација на годишните акциони планови од стратегијата за развој на образованието на возрасните и доставува годишен извештај до министерството за објавени јавни конкурси за доделување на средства за реализација на програми за образование на возрасните.

Со Центарот управува Управен одбор составен од 11 члена од кои два члена од министерството, по еден член од министерството надлежно за труд, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Комората на занаетчиите на Македонија и четири члена од редот на стручните работници вработени во Центарот. Со Центарот раководи директор.

Во поглавје VII се уредува надзорот односно инспекцискиот надзор и надзорот над квалитетот на работата на понудувачите на услугите за образование на возрасните и на понудувалите на услугите за валидација врши Државен просветен инспекторат, додека стручен надзор над работата на понудувачите на услугите за образование на возрасните и на понудувачите на услугите за валидација врши Центарот.

Во поглавје VIII се уредуваат прекршочните одредби односно државниот просветен инспектор должен е на сторителот на прекршокот да му издаде прекршочен платен налог, согласно Законот за прекршоци. За прекршоците утврдени со овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува надлежен суд.

Во поглавје IX  се уредуваат преодните и завршните одредби односно се уредува влегувањето во сила на законот.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје