28.05.2018 (Семинар)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

29.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

29.05.2018 (Семинар)
Организација на логистичка поддршка, контрола на работните активности и планови, управување со call центри, телефонска продажба и cold calls, агентска продажба и унапредување на комуникациски канали

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

31.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ

11.06.2018 (Саем)
САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“

11.06.2018 (Семинар)
АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK

12.06.2018 (Семинар)
ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

12.06.2018 (Форум)
„MINEX EUROPE 2018“- 3. ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ - 12-14.06.2018 СКОПЈЕ

13.06.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

25.01.2018 - 25.01.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ


Еднодневен семинар:

МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ



                                           Управување со посебни категории компаниски ризици
                                                - Управување со финансискиот ризик; 
                                                - Управување со маркетиншкиот ризик; 
                                                - Управување со безбедносниот ризик во компанијата;
                                                - Квантитативни и квалитативни методи за пресметка  на ризиците.


25.01.2018 година (четврток)
9:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат


        Стопанската комора на Македонија во изминатите 4 години во континуитет организираше семинари за совладување на техниките и методите на ‘Risk management’, a согласно барањата во законската регулатива на Република Македонија, (Закон за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на РМ“, бр. 188/2013); Законот за заштита и спасување („Службен весник  на РМ“,  бр. 93/1212) и Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на РМ“, бр.  53 од 11.04.2013) и други).

        Нашето анализирање на бизнис секторот покажува дека компаниите во Република Македонија се соочуваат со поедини тешкотии при дизајнирање на сопствен, рационален и ефективен - одржлив систем за управување со ризикот како дел од компанискиот менаџмент систем и интегриран сегмент во системот за управување со квалитет.

        Водејќи се од ова, Стопанската комора организира:
       
        Еднодневен семинар на тема „МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИКОТ И  ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ“.
        Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени и разработени повеќе категории прашања во врска со управувањето со ризик односно, начините на кој компанискиот персонал врши идентификација, проценка и степенување по важност на ризиците, проследено со координирана и економски одржлива примена на превентивно - заштитни ресурси за да се минимизира, надгледува и контролира веројатноста и/или влијанието на негативните настани.

Цели на семинарот:

         Предавачот со презентирање на модели, методи и стандарди (International standard IEC/ISO 31010; и AS/NZS 4360:2004 - Risk management) за управување со ризикот, како и со конкретни примери за успешно имплементирани менаџмент алатки за управување со ризикот во Р. Македонија и анализа на успешни практики во изминатиов период непосредно и апликативно ќе ги запознае учесниците на семинарот со начинот на користење на оваа управувачка алатка (Risk management).
Акцент ќе биде ставен на воспоставувањето внатрешна организација, како дел од постојната систематизација, неопходна за започнување/функционирање на процесот на управување со ризикот.

Програма:
 
1. Адаптација на концепт за управување со ризикот за средните и големите компании во Република Македонија;
2. Принципи на управување со ризикот;
3. Фази во процесот на управување со ризици:
   3.1. Прва фаза - Воспоставување рамка (контекст);
   3.2. Втора фаза - Идентификација на ризиците;
   3.3. Трета фаза - Анализа (проценка) на ризикот;
   3.4. Четврта фаза - Евалуација на ризиците (оценување/индексирање);
   3.5. Петта фаза - Третман на ризикот;
4.Регистар на ризик (аналитичка обработка на базите на податоци):
   4.1. Основни правила и начела за изработката на компанискиот риск
          регистер;        
5. Анализа на примери од пракса во компаниите:
   5.1. Процена на актуелни и проблематични категории ризици во РМ;
6. Ризикот во стандардите за управување со квалитет;
7. Документирање, администрирање и дистрибуција на резултатите од risk management процесот.


Предавач:
д-р Зоран Доревски консултант за безбедност.



Краен рок за пријавување: 22 јануари 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права