ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија
   
15.06.2019 👁 Прочитано: 1651

КОНЦЕПТ


На почетокот на оваа година стартувавме со редизајнираниот портал на СКМ и според форма и според содржина (www.mchamber.mk ).

КОНЦЕПТТоа е само еден чекор во градењето на модерна и на современа бизнис-асоцијација, а тој процес започна во 2010 година. За тој нов концепт сме зборувале многупати. Во својата суштина тој има само една работа - да се трудиш да бидеш совршен сервис на компаниите членки на СКМ. Во меѓувреме поставивме нови таргети, изградивме кадар, обезбедивме стабилно финансирање и се вклучивме во сите регионални коморски иницијативи. Она сто недостасуваше е еден современ веб-портал во кој силниот кадровски потенцијал ќе може пред нашите членки, но и пред јавноста да ги изнесе своите ставови.

Оваа година ја сметаме за експериментална. Првата фаза заврши денес. Во неа поставивме темел на таквиот веб-портал. Во овие шест месеци посетеноста на порталот се зголеми за над 30 проценти. Втората фаза, која започнува денес, е поставување на порталот како on-line медиум. Актуелните теми за бизнис-активностите и понатаму остануваат приоритет. Фокусот е насочен кон образованието, кон царинската и кон даночната проблематика, за кои се прават конкретни анализи и согледувања, насоки и иницијативи, со кои се приближуваме до вистинските проблеми на реалниот сектор и до нивно решавање низ лавиринтите на државната администрација. Двата клучни столба на наша обсервација се владиниот ЕНЕР во делот на правната проблематика и одделите за економски прогнози на највлијателните државни институции од областа на економската проблематика. Тоа ќе биде обсервирано секојдневно од главните советници на Управниот одбор на СКМ за економски и за правни прашања. Значи, конечно ќе го напуштиме паралелизмот во нашето работење со Владата, кое беше одлика на едно минато време.

КОНЦЕПТДругата промена се однесува на изнесувањето на ставовите што ги конципира еснафот. Тоа го имавме и досега, но новина претставува новиот концепт на работни тела ад хок, кои ќе се формираат спрема потребите на еснафот. Нема веќе да им се робува на концептите што се непроменливи, а лобирањето ќе стане секојдневна практика. За таа цел ќе е потребно да изградиме една силна позиција на личност која ќе ги составува тие ад хок-тела од сите релевантни и засегнати страни, нешто како "диригент" кој диригира со коморскиот оркестар.

КОНЦЕПТВоведуваме и нови содржини: фотографија на неделата, за која е обезбедена и стимулативна награда; видео на неделата, каде што ќе дојдат до израз најдобрите настапи на нашите претставници и фељтон, каде што ќе се обидеме да ги прошириме знаењата на посетителите на нашиот портал. Исто така, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со најзначајните вести од бизнис-светот, а ќе има и посебен дел за можностите нашите фирми да користат средства на разни основи од меѓународните и од домашните финансиски институции. Ќе следуваат и нови прозори за иновативноста и за конкурентноста, како и постојана поставка на сликите во сопственост на СКМ, кои ја чинат најдобрата галерија на слики во нашата држава од 1922 година до денес. Тоа е наша гордост затоа што преку тоа се претставени сите уметници кои во изминатите 100 години стекнале меѓународно реноме. Останува и Пораката од претседателот како своевидно обраќање на првиот човек на нашата институција до своите членки и до јавноста.

П.С. Како и секогаш, регистрираме прва посета на голема јапонска бизнис-делегација на нашата комора, а најавуваме посета на наши бизнисмени на три значајни настани: а) Меѓународната конференција на Фајненшл тајмс во Лондон, б) Самитот во Познањ - Полска како дел од Берлинскиот процес и в) посета на наша бизнис-делегација на Сицилија, со која за првпат ќе воспоставиме соработка. За сите тие настани повеќе во наредните обраќања.

КОНЦЕПТ
КОНЦЕПТ
КОНЦЕПТ
КОНЦЕПТ
КОНЦЕПТ
КОНЦЕПТ