29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

14.06.2017 (Семинар)
Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

20.03.2017


Актуелно  

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ПРИЛЕП ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ПОДРАЧНАТА СТОПАНСКА КОМОРА НА БАЊА ЛУКА, РЕПУБЛИКА СРПСКА


Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп на 15.3.2017 година, повеќечлена делегација од Прилеп оствари работна посета на  Подрачната стопанска комора на Бања Лука, Република Српска. Во делегацијата покрај претставникот на Регионалната комора со седиште во Прилеп Ристо Најдоски, учествуваа и раководни лица на повеќе компании и институции од Прилеп и тоа: АД „Витаминка“, „Прилепска пиварница“, Месната индустрија „Марфил“, „Мермер Империјал“, Винарницата „Пирган“, од прехранбената индустрија „Дониа“, Фабриката за амбалажа „Бравадо“ од Прилеп, како и д-р Стевчо Димески,  регионален директор на Стопанска банка АД - Скопје, член на Управниот одбор во Регионалната комора со седиште во Прилеп.

 

Работната посета се реализира на покана на Подрачната стопанска комора на Бања Лука и Општината Бања Лука, со цел да се воспостави меѓусебна соработка и по можност истата да се прошири во повеќе области, базирана на економските потенцијали на двата региона, како и посета на Саемот за градежништво, декор и дизајн  „ГРАМЕС 2017“ во Бања Лука, кој се одржуваше во истиот термин од 15-18 март 2017 година.

За време на дводневниот престој на делегацијата, во Подрачната стопанска комора на Бања Лука се оствари средба со раководството на Комората, при што се потпиша Спогодба за меѓусебна соработка меѓу двете комори. Од страна на  Регионалната комора со седиште во Прилеп во рамките на Стопанска комора на Македонија беше претставена организационата поставеност и нејзиното функционирање, како и економските потенцијали и ресурси на регионот што го покрива оваа Комора. Раководството на Подрачната стопанска комора на Бања Лука  ја презентираа нивната комора која функционира во единствениот коморски систем на Република Српска заедно со пет други подрачни комори организирани по моделот на австриската и германската комора со задолжително членство.

Регионот што го покрива Подрачната комора од Бања Лука ги опфаќа градовите: Бања Лука и Приједор, како и 19 општини и тоа: Градишка, Источни Дрвар, Језеро, Кнежево, Козарска Дубица, Котор Варош, Крупа на Уна, Костајница, Купрес, Лакташи, Мркоњиќ Град, Нови Град, Оштра Лука, Петровац (Дрниќ), Прњавор, Рибник, Србац, Челинац и Шипово.

За време на средбата посебно се нагласи економската соработка меѓу Македонија и Република Српска, како и регионот на Бања Лука со Македонија, за што се констатира дека меѓусебната размена за 2016 година изнесува околу 30 милиони САД долари, а постојат  реални предуслови таа да биде многу поголема.

Во продолжение на престојот во Бања Лука се посетија компаниите „Фрутела Гроуп“, „Фратело Траде“ и „Огимил“ кои соработуваат со македонски компании од областа на прехранбената индустрија и винарството.

Исто така, се реализира посета на Саемот за градежништво, декор и дизајн „ГРАМЕС 2017“ на кој излагаа повеќе од 200 компании од Србија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Австрија и др. На Саемот претежно учествуваа компании од градежната индустрија, обновливите извори на енергија, од преработувачката индустрија, електроиндустријата и информатичката технологија.

За време на посетата на Саемот се реализира и средба со директорот на Саемот Драгољуб Бојаниќ, кој изрази големо задоволство за посетата, посакувајќи и компании од Македонија да учествуваат на саемските манифестации кои ги организира Саемот од Бања Лука. Разгледувајќи го Саемот, претставниците од Македонија остварија контакти со повеќе излагачи на Саемот, со цел да  воспостават меѓусебна  соработка.


На крај од  работната посета на Подрачната стопанска комора од Бања Лука договорено е да се продолжат меѓусебните контакти и да се оствари возвратна посета на нивна делегација во Прилеп во текот на јуни 2017 година.

Ристо Најдоски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права