19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

21.02.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

25.02.2019 (Работилница)
Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

26.02.2019 (Семинар)
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

28.02.2019 (Семинар)
ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

12.03.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

15.03.2019 (Академија)
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

21.03.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

01.04.2019 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Enterprise Europe Network

Enterprise Europe Network

 
Enterprise Europe Network е мрежа на бизнис можности која има за цел да ги понуди сите облици на деловна поддршка на малите и средни претпријатија на нивниот пат кон европските пазари. Во прв ред, тоа се однесува на услуги за сеопфатно информирање со широк спектар на прашања, можностите на единствениот Европски пазар од една стана, но и надминување на препреките со кои се среќаваат македонските претприемачи, понатаму организација на едукативни и информативни настани, изнаоѓање бизнис партнери во Европската Унија, регионот и пошироко, стручни совети за достапните извори на финансирање и друго.
 
Поддршка во наоѓање соодветни бизнис партнери во Европа и пошироко, користејќи ја базата за бизнис соработка на Enterprise Europe Network;
 
- Обезбедување информации за учество на саеми, брокерски настани, компаниски мисии, конференции и обуки;
- Креирање и промовирање профил за бизнис соработка за претпријатијата и меѓународно вмрежување;
- Организирање локални и регионални настани;
- Организирање панел дискусии за теми од ЕУ;
- Одговарање на прашања добиени од страна на клиентите и средби со компаниите;
- Обезбедување на поддршка на МСП за интернационализација;
- Давање на услуги на компаниите скроени според нивните потреби.
 
Сакате да настапите на нови пазари?
 
Доколку извезувате или планирате да инвестирате во странство, ние можеме да Ве информираме за барањата на законодавството на целните пазари, царинските формалности, производите и потрошувачките навики.
 
 
На овие и други прашања одговорот го бараме со истражување и ги дознаваме сите потребни информации преку мрежата на партнерски институции вклучени во Enterprise Europe Network.
 
Сакате да го проширите својот бизнис?
 
Европските претпријатија бараат други, потенцијални партнери кои се занимаваат со дејноста како Вашата, на пример, за остварување на заедничко вложување. Преку нашата База за Деловна Соработка (Business Cooperation Database), можеме да ви помогнеме да пронајдете бизнис партнер според Вашите потреби и секторска припадност, во преку 50 држави на Европската Унија. Исто така, оваа база содржи и податоци за странски претпријатија кои бараат соработка со македонски претпријатија, при што базата автоматски ги поврзува можните бизнис партнери.
 
На овој линк можете да добиете информации за компании и институции кои имаат регистрирани профили во Enterprise Europe Network (EEN). Доколку Ви е потребна помош контактирајте не!
 
 
 
 
Како да учествувате на Европски бизнис настани?
 
Членките на Enterprise Europe Network, постојано организираат деловни средби на директно поврзување со доверливи партнери (match making events) и компаниски мисии, вообичаено како придружен настан на големите трговски саеми, бизнис форуми и слично. Информирајте се за настаните кои претстојат и искористете го максимумот од посетата на настан од Ваш интерес и остварете средба со однапред таргетирани деловни партнери.
 
Барате ли можности за финансирање на специфични проекти....
 
Дали сте запознаени со можностите за финансирање во подрачјата како што се:
 
- Претприемништво и Иновации
- Истражување и развој
- Пред пристапни фондови
- Образование
- Јавни набавки

Европската Унија им помага на претпријатијата со иновативни проекти и нови технологии да добијат финансиска поддршка. Ве информираме, константно за актуелните програми за финансирање кои ги објавува Европската Комисија.
 
Доколку сте заинтересирани за некоја услуга за Бизнис и соработка, слободно контактирајте нe. Европските претпријатија бараат други, потенцијални партнери кои се занимаваат со дејноста како Вашата, на пример, за остварување на заедничко вложување, бараат дистрибутери, агенти за продажба, нудење на франшиза и др. Преку База за Деловна Соработка (Partnering opportunities), можеме да Ви помогнеме да пронајдете бизнис партнер според Вашите потреби и секторска припадност, во преку 47 држави во Европа.
 
 
Доколку се уште ја немате објавено Ваша понуда/побарувачка во Partnering opportunities  на Европската Унија, доволно е само да го ПОПОЛНЕТЕ POD_form_ECM ( *.doc) за Вашата компанија, пратете ни го на е-mail,  а останатото ние ќе го завршиме за ВАС!
 

EEN-M Project Officers:                                                                                                   

Лазo Ангелевски
laze@mchamber.mk Тел: +389 (02) 3244090

Билјана Пеева Ѓуриќ 
biljana@mchamber.mk, Тел: +389 (02) 3244034

Татјана Штерјова
tatjana@mchamber.mk, Тел: +389 (02) 3244065

Ирена Мојсовска
irena@mchamber.mk, Тел: +389 (02) 3244009

Стево Серафимов
stevo@mchamber.mk, Тел: +389 (02) 3244032

Влатко Стојановски
vlatko@mchamber.mk, Тел: +389 (02) 3244004

 

Брошура - Сертификати за потекло / Certificate of Origin

Права од индустриска сопственост  Прирачник за Enterprise Europe Network

 

Брошура  Бизнис соработка со ЕУ - Меѓународни трговски документи 

 

Европска мрежа на бизнис можности
http://een.ec.europa.eu/

Europe Enterprises Network- Macedonia
http://www.een.mk/

 

 



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Лазе Ангелевски
Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: laze@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права